Изложби Тековни Следни Минати
EN

Пејзаж на вознемиреност

09/03/2023 - 06/04/2023

Kлиматските промени и еколошки предизвици генерираат ургентни состојби преку екстремните временски услови, губење на биодиверзитетот, девастираната животна средина, неконтролираните траектории на експлатација на основните ресурси како водата и воздухот, глобалниот раст и несаканите миграции. Овие состојби го подразбираат човековото влијание врз Земјата како енормно, со што започнува нова геолошка ера – антропоценот, научен термин за прв пат употребен од Пол Круцен, кој претставува поинаква траекторија на земјиниот систем.

Северна Македонија како и земјите од Западен Балкан преставуваат средиште на загадувањето во Европа, пред сѐ поради застарените фабрики за јаглен, автомобилите, неисправните индустрии, како и енергетската сиромаштија на населението. Низа фактори кои во континуитет го загадуваат воздухот, водата, загрозувајќи го севкупниот биодиверзитет на земјата, предизвикувајќи негативни влијанија врз животната средина и здравјето на граѓаните.

Изложбата се осредоточува на овие состојби именувани како „Пеjзаж на вознемиреност“ во кои уметничките практики  придонесуваат кон справување со кризните ситуации како алатки за генерирање еколошки ангажмани, истовремено влијаејќи на други меѓусебно поврзани агенди како што се урбаното планирање, социјалната вклученост и правото на здрава животна средина.

Фото: Денис Сарагиновски
Дизајн: Илиана Петрушевска

Фотографија: Денис Сарагиновски

Фотографија: Денис Сарагиновски

Фотографија: Денис Сарагиновски

Фотографија: Денис Сарагиновски

Фотографија: Денис Сарагиновски

Фотографија: Денис Сарагиновски

Фотографија: Денис Сарагиновски

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Континуитети: француски уметници во збирките на МСУ Скопје

07/12/ 2023 - 22/02/ 2024

Сè што ни е заедничко

20/10/ 2023 - 12/05/ 2024

Пејзаж на вознемиреност: 11 критични жешки точки во Р.С. Македонија

04/10/ 2023 - 09/10/ 2023

БИСТА – Биенале на студентите по архитектура 2023

20/09/ 2023 - 28/09/ 2023