Изложби Тековни Следни Минати
EN

Гледај тука сум без простор

29/09/ 2021 – 21/11/ 2021

„Гледај тука сум без простор“ е изложба од Уметничката колекција на  Дојче Телеком со дела од најрепрезентативните уметници од Југоисточна Европа, а со намера да ги осветли политичките пејзажи, социјалните случувања и да најде точка на кохезија во прикажувањето на политиката и уметноста на овој регион.

Миграцијата е суштинско искуство на дваесет и првиот век. Конфликтите предизвикани од новите војни, транзициските неприлики и исклучувачките политики предизвикаа поместување на голем број луѓе на маргините на светот.

Прашање за тоа дали постои нешто во посттранзициските држави што соодветно го третира минатото, за да ја прошири социо-политичката имагинација, да пропагира нови форми на меѓународна солидарност, и да обезбеди основа за продолжување во иднината е повеќе од релевантно.

Оттука, претставените дела се политичка критика на „исклучувањето“, овозможувајќи им видливост и културно признавање на оние кои се наоѓаат вон доменот на политиките, во и надвор од симболичните простори. Делата дозволуваат субверзивни врски, создавање алтернативни системи на ред, револт кон познатите системи и провокација за критичко размислување. Повеќе од кое било друго средство за шпекулирање, овозможуваат да патуваме напред и назад од нашата субјективна реалност, до консензус за посакувана, а можна сегашност.

Намерата на изложбата „Гледај тука сум без простор“ е преку поврзување на естетиката и политиката да предложи нов наратив за регионот и да го редефинира начинот на перцепција на некогашните ситуации во нови прилики, кои поставуваат нов  контра-распоред во културата.

Претставени уметници: Лучезар Бојаџиев, Јане Чаловски, Јасмина Цибиќ, Даница Дакиќ, Игор Грубиќ, Нилбар Гуреш, Петрит Халилај, Флака Халити, Христина Иваноска, Правдољуб Иванов, Сања Ивековиќ, Хортензија Ми Кафчин, Алевтина Какиџе, Шејла Камериќ, Бенги Карадуман, Ева Котаткова, Володимир Кузњецов, Мала Варшава, Владо Мартек, Циприан Мурезан, Дан Пержовски, Агњешка Полска, Словени и Татари, Недко Солаков, Младен Стилиновиќ, Марко Тадиќ, Мартина Вачева

Куратори: Мира Гаќина и Јованка Попова

Насловна фотографија: Словени и Татари, Мола Насредин, Антимодерниот, 2012, инсталација, стакло со оптички влакна, челик, 157 x 165 x 88 cm 

Виртуелна обиколка на изложбата

Јане Чаловски, Опсесивно опкружување , 2010, Инсталација, дрво, метал, 3 фотографии отпечатени во боја, 30 x 30 x 1 cm (секоја)

Шејла Камериќ, 30 години подоцна, 2006 Хромогени отпечатени фотографии на алуминиумска композитна плоча, 80 x 55 x 1 cm

Володимир Кузњецов, Како да се справите со свињите, 2014/2015, инсталација, дисперзиона боја на лесонит, 378 x 92 x 2

Словени и Татари Молитвено нишање (Килибар), 2016 Инсталација, полиуретан, смола за леење, ласерски сечен челик со KBS облога на дрво

Младен Стилиновиќ, Серија дела „Шака Леб“, Акрилик на картон, 70х100х3,

Дан Перјовшчи, Цртеж со жици 2014 Цртеж од жица, 195 x 120 x 1 см

Јасмина Цибиќ, Сè што посакуваш, ништо што те плаши 2017 Инсталација, железо, филц, боја, 190 x 190 x 40 cm

Хортензија Ми Кафчин, Татковска енергиј, 2013 Инсталација, диско-топка, мотор, синтетичка брада, боја во спреј

Флака Халити, Неговата итност се изгуби во обратна насока (додека беше во постојано одложување), 2017 Инсталација, различни материјали

Инсталација, 7 цртежи, молив на хартија, фото принт, книги, транспортна табла, трска

Владо Мартек, Уметноста нема алтернатива 1986, Црно-бела фотографија, текст испишан на машина за пишување, картонска матрица со златна боја во спреј, 51 x 71 x 3 cm

Христина Иваноска, Без наслов (Расипништво и лудило, сладост и горчина, хистерија и мистерија), 2014 Акрил на рачно сечена хартија, 82 x 63 x 3 cm

Ева Котаткова, Групна терапија, 2016

Мала Варшава, Ограда, 2012 Инсталација, неонски цевки, кабли, трансформатор, 56 x 60 x 5 cm

Сања Ивековиќ, Структура, книгата, 2011 Сет од 100 отпечатени фотографии во кутија, 15 x 21 x 5 cm

Недко Солаков, Прашања, 2013 Цртежи, сепија, црно-бело мастило, водени и на хартија, 19 x 28 cm секој

Циприан Мурезан, Комунизмот никогаш не се случи, 2006 Писма-исечоци од пропагандистички винилски записи, 50 x 200 x 15 cm

Марко Тадиќ, Сè до здив воздух, 2014 Видео-анимација, боја, звук и инсталација, 116 x 163 x 110 cm

Петрит Халилај, Абетаре (книга за деца) (ГО САКАМ МОУ), 2015 Инсталација, челик, 100 x 50 x 5 cm

Игор Грубиќ, Ангели со извалкани лица (портрети), 2008 Хромогени отпечатени фотографии на алуминиумска композитна плоча, 120 x 80 x 2 cm

Правдољуб Иванов, Подготвителни цртежи 1998–2016, Цртежи, молив, молив во боја, темпери и водени бои на хартија

Агњешка Полска, Јас сум устата, 2014 Видео

Мартина Вачева, Апетитот се раѓа со гласањето , 2019 акрилна слика, колаж на платно, 205 x 240 cм

Нилбар Гуреш, Моите Тотеми и јас како Тотем, 2013 комбинирани медиуми, водени бои, платно, самолеплива фолија и молив во боја на хартија, 130 x 190 x 4 cm

Бенги Карадуман, Емиграција, БК, 2014 Цртеж, еколин на хартија, 34 x 46 cm

Даница Дакиќ, Изола Бела, 2007–2008 Инсталација, видео проекција, постер, маски, текстови, видео

Алевтина Какиџе, Дом (како да се одбегне Сепаратизмот во куќата), 2015 Цртежи, молив, фломастер, масло на хартија, 4 дела со димензии 42 x 29 cm

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Континуитети: француски уметници во збирките на МСУ Скопје

07/12/ 2023 - 22/02/ 2024

Иднината како проект: Доксијадис во Скопје

21/09/ 2023 - 23/04 2024

Сè што ни е заедничко

20/10/ 2023 - 12/05/ 2024

Пејзаж на вознемиреност: 11 критични жешки точки во Р.С. Македонија

04/10/ 2023 - 09/10/ 2023