Пријавување до Недела, 11 Март 2024
Целта на оваа работилница е младите уметници да стекнат вештини за изработување и објавување на професионално портфолио. Во работилницата покрај уметници, можат да се вклучат и куратори кои се на почеток на нивните кариери, и кои во соработка со другите учесници можат да се запознаат со работата на уметниците и да дадат осврт на концепцискиот, визуелниот и текстуалниот дел на портфолијата кои ќе бидат изработувани.
Работилницата ќе биде водена од Никола Узуновски, куратор на образовната програма и уметникот и дизајнер Дарко Алексовски.
Работилницата ќе се одвива во библиотеката на Музејот на современата уметност – Скопје, во 19:30 до 21:30 во следните термини:
12 март, вторник
14 март, четврток
26, март, вторник
28 март, четврток
Заинтересираните учесници можат да се пријават до 11 март, преку птополнување на формуларот достапен на следниот линк
За повеќе информации контакт: info@msu.mk