Настани Предавање на Стивен Данкам
EN

Предавање на Стивен Данкам

17/10/ 2018|

“Уметноста и политичката имагинација“

 

“Поезијата е начин на кој му даваме име на безименото со што тоа може да се промисли“, напиша Одри Лорд опишувајќи ја интелигентно моќта на уметноста да ги осмисли личните и политичките можности. Низ милениумите уметноста беше политички користена како афективно средство за критика на светот таков каков што е и за да се замисли таков каков што би можел да биде. Стивен Данкам во своето предавање ќе ги истражи некои од начините на коиуметноста и уметничките форми на активизам се користат во политички цели низ примерите на советската авангарда, движењето за американските граѓански права и современите примери на уметнички активизам во целиот свет.

Стивен Данкам е професор и теоретичар кој во својата работа се занимава со медиумите и културните студии.  Предава и пишува за историјата на масовните движења и алтернативните медиуми и за поврзувањето на културата и политиката. Автор е на книгите Dream: Re-Imagining Progressive Politics in an Age of Fantasy (The New Press, 2007) и Notes From Underground: Zines and the Politics of Underground Culture (Verso, 1997). Уредник е на зборникот текстови Cultural Resistance Reader (Verso, 2002), а  заедно со Максвел Треблеј ја приредува книгата White Riot: Punk Rock and the Politics of Race (Verso, 2011). Пишува бројни студии и текстови за вкрстувањето на политиката и културата за редица универзитетски и популарни публикации. Данкам е исто така и креатор на Open Utopia, слободна и отворена интернет едиција на Утопијата на Томас Мор. Тој е коосновач и кодиректор на Центарот за уметнички активизам, истражувачки и наставен институт кој им помага на активистите да создаваат повеќе како уметници, а на уметниците како активисти.

МИНАТИ НАСТАНИ

МАТИНЕ

13/04/2024

Повик за учество на работилницата „Харизматични објекти“

Пријавување до сабота, 30 март 2024

Подготовка на изложбата „Ниедно чувство не е конечно“ во Прага

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА ЗА ВЕБ-ПОРТФОЛИО

Пријавување до Недела, 11 Март 2024