Настани Промоција на книгата Скопје Воки Токи
EN

Промоција на книгата Скопје Воки Токи

13/12/ 2019

Вовед: Сузане Хефти, Дамјан Кокалевски и Ивана Костовска

Гостин: Сузана Милевска

Скопје Воки Токи се фокусира кон трансформацијата на јавните простори со цел легитимирање и утврдување на популистичките и националистичките структури на моќ. Земајќи го Скопје како пример за овие тенденции, книгата укажува на тоа како ново креираниот, екстравагантен идентитет на градскиот центар – со појавувањето на голем број на нови објекти во периодот помеѓу 2008 и 2018 година и со цена од околу 680 милиони Евра е обележје на овие тенденции. Во спротивно на ова, архитектонската експертиза од 1960-тите и 1970-тите години, здобиена од ре-изградбата на Скопје после катастрофалниот земјотрес, благодарение на големата интернационална акција која беше делумно спонзорирана од Обединетите Нации, е занемарена а чии архиви се делумно уништени. Оваа книга претставува уметничко и политичко истражување на урбаниот простор. Проектот е резултат на долгорочната соработка помеѓу Сузане Хефти и Дамјан Кокалевски.

СУЗАНЕ ХЕФТИ е уметница кој живее и работи во Цирих. Моментално е дел од докторската програма на Институтот за историја и теорија на архитектурата ЕТХ Цирих, каде го истражува влијанието на скорешните популистички и националистички тенденции врз архитектурата во Европа. Таа студирала уметност, фотографија и журнализам во Есен, Цирих, Винтертур и Хелсинки. Хефти има изложувано и публикувано во интернационални рамки а за нејзината работа има добиено повеќе грантови и награди, помеѓу кои, Стипендијта Гренцгенгер и Наградата Вустенрот за Документарна фотографија. Таа е автор на книгата „Пич“ од издавачката куќа Керер во 2014 година.

ДР. ДАМЈАН КОКАЛЕВСКИ е архитект и куратор кој живее во Цирих а својата едукација како архитект ја има стекнато во Скопје, Виена и Токио. Неговата докторска дисертација е насловена „Перформирачки архиви: Скопје. Од Руините на Градот на Иднината“ под менторство на Професор Филип Уршпрунг, ЕТХ Цирих и Професор Фелисити Скот, Универзитет Колумбија, Њујорк. Дамјан придонесе кон изложбата „Метаболизам: Градот на Иднината“ во Мори Арт Музејот во Токио (2012) и беше кустос на изложбата „Перформирачки Архиви: Скопје. Дискутирање Урбани Реконструкции“ во гта Изложби, Цирих (2014). Тој е ко-основач на Градска креативна мрежа, истражувачки центар базиран во Скопје. Проектите на Дамјан се ситуирани помеѓу академско истражување и политички активизам, а за својата работа има добиено повеќе награди и признанија.

Дерив во Скопје: Милан Диневски, Сузане Хефти, Дамјан Кокалевски, Ивана Костовска и Филип Уршпрунг.

Есеи: Дамјан Кокалевски, Сузана Милевска

Фотографии: Сузане Хефти

Графички дизајн: Хамер, Серена Ротенбергер и Давид Шац

Издавач: Спектор Букс Лајпциг

Реализацијата на проектот ја овозможија Про Хелвеција – Швајцарска Фондација за Уметност и Култура, Културна Фондација на Кантон Тургау, Крос-Бордер Фондација, Ернст и Олга Гублер-Хаблуцел Фондација и Ерна и Курт Бургауер Фондација.

Промоцијата на книгата е поддржана од Крос-Бордер Програмата со спонзорство на Роберт Бош Фондација, реализирана заедно со Литерарен колоквиум Берлин.

 

МИНАТИ НАСТАНИ

Школа за пропаганда: АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА

Сабота, 2 март 2024, во 12:00 часот

Филм: ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА"

Вторник, 20. февруари 2024, во 19ч.

Ѓорѓе Јовановиќ: Публикација, разговор, перформанс

Петок, 16 февруари, 2024, во 20,00 и 21,00

Ретроспективна презентација на ^ПАТЕМByTheWay 2013 - 2023

Среда, 27. декември, 2023 во 20,00 ч.