Настани ОНЛАЈН СО БОРИС ГРОЈС
EN

ОНЛАЈН СО БОРИС ГРОЈС

16/10/ 2021

ДА СЕ БИДЕ УМЕТНИЧКО ДЕЛО: УМЕТНОСТА КАКО СЕБЕ-ДИЗАЈНИРАЊЕ

Борис Гројс е филозоф, есеист, критичар, теоретичар на медиуми и водечки експерт за уметност и литература од периодот на советската ера, особено Руската авангарда. Гројс е професор по руски и славистички студии на Универзитетот во Њујорк, како и професор и научен соработник на Универзитетот во Карлсруе за уметност и дизајн. Неговата работа вклучува радикално различни пристапи, преку Францускиот постструктурализам до модерната Руска филозофија. Неговиот опус убедливо е позициониран на пресекот помеѓу естетиката и политиката. Гројс е под влијание на голем број модерни и постмодерни филозофи и теоретичари, вклучувајќи ги Жак Дерида, Жан Бодријар, Жил Делез и Валтер Бенјамин.


Борис Гројс е автор на делата „Тоталната уметност на сталинизмот“ (1992), ,,Исчезнување на точката Москва’’ (1994), „Уметност на инсталацијата“ (1996), „Инвенцијата на Русија“ (1995 година), ,,Илија Кабаков: Човекот кој полета во вселената од неговиот дом ’’ (2006), ,,Моќта на уметноста’’ (2008), ,,Комунистички постскрипт’’ (2010), „Историјата која станува форма: Московскиот концептуализам’’ (2010), „Вовед во антифилозофијата“ (2012) и „Рускиот Космизам“ (2018).

Автор на проектот Без/редие во светот на уметноста е Тихомир Топузовски.

МИНАТИ НАСТАНИ

МАТИНЕ

13/04/2024

Повик за учество на работилницата „Харизматични објекти“

Пријавување до сабота, 30 март 2024

Подготовка на изложбата „Ниедно чувство не е конечно“ во Прага

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА ЗА ВЕБ-ПОРТФОЛИО

Пријавување до Недела, 11 Март 2024