Настани Повик за учество на работилницата „Харизматични објекти“
EN

Повик за учество на работилницата „Харизматични објекти“

Пријавување до сабота, 30 март 2024

Работилница за современи уметнички практики, од м-р Дитер Хамер, филозоф и уметник од Германија.

Период: 1ви и 3ти април 2024. Работилницата ќе се реализира преку две средби, првата во Музејот на современата уметност – Скопје, на 1 април (понеделник), во периодот 11:00-13:30 ч., и втората на 3 април (среда), во периодот 11:00-13:30 ч., на Факултетот за ликовни уметности – Скопје (објект: Педагошки факултет).

Семиотизацијата на предметите, а со тоа и нивното харизматично својство, има витална улога во креирањето и стабилизирањето на наративи, создавањето социјална кохезија, но и реконструирањето на стереотипи и воведувањето нови идеи. Преку работилницата, учесниците ќе се запознаат со различни начини на семиотизација на објектите (според концепт, дизајн, најден предмет и сл.) и ќе добијат увид во начините на коишто предметите можат да функционираат во уметнички контекст.

Работилницата е наменета за студенти во последните години на студии и за уметници кои се на почетокот на својата уметничка пракса. Работилницата ќе се одвива на англиски јазик.

Заинтересираните учесници можат да се пријават до 30 март, преку пополнување на формуларот достапен на следниов линк

За повеќе информации контакт: info@msu.mk

Дитер Хамер работи во различни медиуми. Во текот на последната деценија неговото истражување и практика се фокусираат на естетските, теоретските и филозофските импликации на фотографијата како медиум. Тој го креира називот „Трансмиметичка фотографија“ за практика која комбинира фотографија базирана на леќи и фотографија без објектив. Во својата практика, Дитер го проширува концептот на фотографијата со воведување фотографски готови производи.

Работилницата е реализирана како соработка на Музејот на современата уметност – Скопје, Факултетот за ликовни уметности – Скопје и ОПА фондација.

МИНАТИ НАСТАНИ

МАТИНЕ

13/04/2024

Повик за учество на работилницата „Харизматични објекти“

Пријавување до сабота, 30 март 2024

Подготовка на изложбата „Ниедно чувство не е конечно“ во Прага

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА ЗА ВЕБ-ПОРТФОЛИО

Пријавување до Недела, 11 Март 2024