Настани Водич низ изложбата Дефрагментација и музичко матине
EN

Водич низ изложбата Дефрагментација и музичко матине

15/09/ 2023

Со приближување на терминот за затворање на актуелната изложба „Дефрагментација“ (13. 06 – 15. 09. 2023), Музејот на современата уметност нуди ретка можност Бојана Јанева, кустос во Одделот за Едукација да ви ги доближи делата подарени од уметници од централноевропските земји, во сабота, на 2 септември, со почеток во 12 часот на пладне.

Веднаш потоа, музејот организира музичко матине со диџеј сет на Мирко Попов и Виолета Качакова, почнувајќи од 13 часот на музејските тераси со поглед на широката панорама на Скопје, каде ќе можеме да се подружиме и да ги сумираме впечатоците од изложбата. За најмладата публика организираме и Детско катче, каде децата ќе можат да цртаат потикнати и инспирирани од изложбата.

Поминете го саботното пладне во заедничко дружење со нас да уживаме во последните денови од летото во градската панорама на највисоката точка во срцето на Скопје со убава музика и пијалаци, каде сите заедно уште еднаш ќе се потсетиме на тоа дека нашиот МСУ е средишен споменик и симбол на светската солидарност во обновата на Скопје.

Изложбата „Дефрагментација“ претставува дела од колекцијата на МСУ-Скопје, подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка: селекцијата од 86 уметници со 96 слики, скулптури и графики настанати во текот на 20-от век е репрезентативен преглед на достигнувањата во уметноста на повеќе генерации уметници од земјите од Централна Европа. Куратори на изложбата се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.

Со оваа изложба МСУ ја одбележува и 60-годишнината од скопскиот земјотрес.
Како што истакнуваат Јанчевски и Варошанец, изложбата е потсетување на светската солидарност, концепт на кој се темели МСУ, а навраќањето на важноста на меѓународната соработка е и потсетување на значењето на солидарноста воопшто, како услов за унапредување на општествената сфера и справување со заедничките предизвици.

Во колекцијата на МСУ Скопје се чуваат вкупно 5291 дела, меѓу кои и 22 дела од 11 уметници од Словачка, 56 дела од 27 уметници од Унгарија, 266 дела од 105 уметници од Чешка и 224 дела од 136 уметници од Полска.

МИНАТИ НАСТАНИ

МАТИНЕ

13/04/2024

Повик за учество на работилницата „Харизматични објекти“

Пријавување до сабота, 30 март 2024

Подготовка на изложбата „Ниедно чувство не е конечно“ во Прага

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА ЗА ВЕБ-ПОРТФОЛИО

Пријавување до Недела, 11 Март 2024