Вторник, 20. февруари 2024, во 19ч.
Со прикажувањето на документарниот филм ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА’’ на режисерот Сем Полард, Музејот на современата уметност во соработка со Амбасадата на САД во Скопје и Американската филмскa галерија (American Film Showcase) се вклучува во одбележувањето на месецот на ,,Црната историја’’ и препознавањето на улогата на Афроамериканците низ историјата и ја одредува уметноста како платформа за постигнување социјална правда.
Семјуел Д. Полард е американски филмски режисер, монтажер, продуцент и сценарист. Неговите филмови имаат добиено бројни награди како Пибоди, Еми и номинација за Оскар. Во 2020 година, Меѓународната асоцијација за документарни филмови му додели награда за достигнување во кариерата. Спајк Ли, во чиишто филмови Полард учествува како монтажер и продуцент, го опишува како „филмски мајстор“, а Хенри Луис Гејтс Јуниор, делата на Полард ги карактеризира на следниот начин: „За мене неговите документарци се надградба на корпусот, на начинот на раскажувањето на афроамериканската историја во различни димензии.“
,,Црната уметност: во отсуство на светлината’’ (85 минути) е филм за делата на повеќе афроамерикански уметници и нивниот придонес во светот на уметноста.
Режија Сем Полард; продуценти Сем Полард и Дафне Меквилијамс; камерман Хенри Адебонџо; монтажер Стив Векслер; музика Катрин Бостик; продукција на ХБО, февруари 2021.
Влезот е слободен.
МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм
Четврток, 18/07/2024, 21:00
МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол
Четврток, 27/06/2024, 21:00
Јасмина Цибиц: презентација
Петок, 28/06/2024, 20:00
МСУ Летно Кино - Меѓу присуство и отсуство
Четвртoк, 13/06/2024, 21:00