Настани Јасмина Цибиц: презентација
EN

Јасмина Цибиц: презентација

Петок, 28/06/2024, 20:00

Во рамките на Интердисциплинарната програма на МСУ

Јасмина Цибиц работи филм, скулптура, перформанс и инсталација и ј истражува „меката моќ“. Преиспитувајќи како политичката реторика се користи преку уметноста и архитектурата, Цибиц особено истражува како културната продукција се користи од државата за да комуницира одредени принципи и аспирации. Преку расплетот на сложените заплеткувања на уметноста, родот и државната моќ, таа ги охрабрува гледачите да ги разгледаат стратегиите употребени во изградбата на националната култура.
Нејзиниот повеќеслоен пристап ги обединува примарните извори и историските редимејди кои таа ги вплетува во нови наративи. Цибиц игра двојна игра, истовремено декодирајќи ги механизмите на моќта додека гради сопствени алегориски структури. Цибиц ќе претстави преглед на нејзините рецентни дела и истражувачки проекти.

Цибиц ќе престојува во Скопје во периодот од 25 до 29 јуни, а гостувањето е дел од нејзиниот најнов истражувачкиот проект во соработка со Музејот на современа уметност – Скопје.

Модератор на настанот е кураторот Владимир Јанчевски.

Јасмина Цибиц е словенечка визуелна уметница која живее и работи во Лондон. Таа ја претставуваше Словенија на 55. Биенале во Венеција со нејзиниот проект „За нашата економија и култура“. Таа е добитничка нанаградата „Џарман“ на Филм Лондон (2021), Наградата на Биеналето Б3 за подвижни слики (2020) и ги прикажува нејзините филмови во галеријата Вајтчепел, MоMA Њујорк, Лондонскиот филмски фестивал, HKW Берлин, Лувр, Докфест Касел и Меѓународниот фестивал на документарни филмови во Копенхаген, меѓу другите. Неодамнешните изложби на Цибиќ вклучуваат самостојни изложби во Музејот на современа уметност во Загреб, Хај Лајн Њујорк, Музејот на модерната Салцбург, макЛион, Музеј Штуки Лоѓ, Центар за современа уметност Глазгов, Фондацијата Фи Монтреал и БАЛТИК Центарот за современа уметност Гејтсхед. Работата на Цибиќ е претставена и на групни изложби, вклучувајќи ги ИМА Даблин, Биенале Јоѓа, Биеналето во Инсбрук, MAXXI Рим, Мак Белфаст, Архитектонско биенале во Чикаго и Музејот на современа уметност во Белград.

 

МИНАТИ НАСТАНИ

МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол

Четврток, 27/06/2024, 21:00

Повик за учество на работилница „не баш прошетка“

Повикот е отворен до вторник, 14 мај 2024

МАТИНЕ

13/04/2024

Повик за учество на работилницата „Харизматични објекти“

Пријавување до сабота, 30 март 2024