Настани Предавање на Сол Њуман
EN

Предавање на Сол Њуман

петок, 29. октомври, 2021

Наслов на предавањето: ПОСТАНАРХИЗАМ И КРИТИЧКИ УМЕТНИЧКИ ПРАКСИ

Еден од клучните предизвици со кои се соочуваат уметниците денес е создавањето критичка дистанца кон системот, односно кон општествените и економски односи и динамики во чие опстојување тие нужно учествуваат. Оттаму, прашањата кои произлегуваат е како да се изгради независност во однос на институциите преку кои се легитимира и преку кои се финансира нивната работа, или како да се спречи комодификацијата, присвојувањето и комерицјализацијата на нивните идеи и практики во капиталистиките системи, на чија хегемонија уметниците се обидуваат да се спротивстават.

Сепак, дел од уметниците создаваат нов политички простор каде се преиспитуваат актуелните проблеми како што се воeните конфликти, државното насилство, надзорот, конзумеризмот, исклучувањето на мигрантите од општествените текови, граничните случувања, како и еколошките девастирани простори. Во своето предавање Сол Њумен се осврнува на можноста критичката уметност да отвори нов вид на јавен политички простор, потпирајќи се притоа на некои од филозофските идеи што ја поткрепуваат оваа нова релација меѓу уметноста и политиката. Во тој контекст се зборува и за анархизмот или она што Њумен го нарекува постанархизам, што подразбира антиавторитарна политика и етика. Истражувајќи ја моќта, доминацијата и насилството, акцентирајќи го автономното дејствување и начините на субјективност, постанархизмот е поставен како најсоодветен пристап за разбирање на критичкиот потенцијал на уметничките практики денес.

Сол Њумен е професор по политичка теорија на Универзитетот Голдсмитс во Лондон, Велика Британија. Неговата работа се осредоточува на современите форми на радикалната политика. Њумен го воведува концептот „постанархизам“ со кој ги одредува новите пост-статистички форми на политички активизам. Исто така, неговите истражувања се однесуваат на суверенитетот, политичката теологија, демократијата и пост-секуларизмот, автономијата и слободата, како и човековите права. Неговите текстови и книги се издадени во водечките светски списанија и издавачи.

Предавањето е дел на Интердисциплинарната програма под наслов „Без/редие во светот на уметноста“. Автор на овој проект е Тихомир Топузовски.

Видео запис на: msu.mk/аудио‘видео

МИНАТИ НАСТАНИ

Ретроспективна презентација на ^ПАТЕМByTheWay 2013 - 2023

Среда, 27. декември, 2023 во 20,00 ч.

Бојана Пишкур: НЕКОИ РАЗМИСЛИ ЗА ДЕКОЛОНИЗИРАЊЕ НА УМЕТНИЧКИТЕ ИНСТИТУЦИИ

Среда, 20. декември 2023, во 19,30 ч.

Предавање на Рик Долфијн: КУРИРАЊЕ НА СОВРЕМЕНОТО: НЕМАТЕРИЈАЛНОСТИ

Недела, 17. декември 2023 во 12.30ч

Презентација на Центарот за политичка убавина

16/10/ 2023, 18:30 ч