Настани Перформанс и предавање на Дилејн Ле Бас
EN

Перформанс и предавање на Дилејн Ле Бас

01/02/ 2023

 

Среда 01. февруари, 2023, 20 часот

 

Приказни од куќата на Ле Бас
Времето се преклопува
Куќата на Ле Бас
Грешки…
Што беше тоа?
Што е тоа?
Дали го имам видено порано?
Дали навистина гледате кога гледате?
Дали навистина слушате кога слушате?
Пазете се од лингвистичко инженерство…
и преку уметноста ќе најдеме ли правда?
и каде е ромската амбасада?
Замина во тишината на ударот…

Преку реактивирање на практиката која континуирано се шири од Архивата на Куќата на Ле Бас, придружете ни се на перформанс и предавање на Делејн Ле Бас, концепирани за МСУ- Скопје по повод отворената изложба „Се што ни е заедничко“, организирана од МСУ Скопје, а во рамките на Проектот Манифеста 14 Приштина – Западен Балкан.

 

Дилејн Ле Бас е британска уметница која создава инсталации, перформанси, фотографии и филмови. Таа е една од шеснаесетте уметници кои се дел од Изгубениот рај, Првиот ромски павилјон на Биеналето во Венеција од 2007 година. Нејзините дела се вклучени во Биеналето во Венеција од 2007 година, Биеналето во Прага 2005 и 2007 година, Биеналето Гвангју 2012 година, Националната галерија на уметност Зачета 2013 година, MWW Музеј на современа уметност Вроцлав 2014 година, третото издание на проектното биенале за современа уметност D-O Арк Андерграунд Босна и Херцеговина 2015 година, Биеналето Оф, Будимпешта 2015 година, Проширено меѓународно биенале за современа уметност во Гетеборг.

 

Настанот се организира со финансиска поддршка од Британска Амбасада во Скопје.

Фото: Ромска амбасада 07072021, перформанс на протестот Kill The Bill, 7 јули 2021 година, на плоштадот пред Парламентот во Лондон. Фотографија на Линколн Като. Со љубезна дозвола од Делејн Ле Бас, Линколн Като и Јамамото Кеико Роше Лондон.

МИНАТИ НАСТАНИ

Перформанс и предавање на Дилејн Ле Бас

01/02/ 2023

Разговор со Дритон Селмани

07/12/ 2022

Предавање на Душан Перчинков

30/11/ 2022

СИНИША ИЛИЌ СЕ ПРЕТСТАВУВА

26/11/ 2022,