EN

ПРЕДАВАЊЕ: Тимоти Мортон – Мудрост во љубовта

03/11/ 2021

 

Среда, 03 ноември, 2021 во 19ч

 

Музејот на современата уметност – Скопје во рамките на Интердисциплинарната програма продложува со циклусот онлајн предавања под наслов „Без/редие во светот на уметноста“.

 

Тимоти Мортон е шеф на катедрата по англиски јазик на Универзитетот Рајс, САД. Мортон има соработувано со Бјорк, Џеф Бриџис, Олафур Елиасон, Хаим Стајнбах и Фарел Вилијамс. Автор е на книгите „Да бивствуваш еколошки“ (Penguin, 2018), „Темна екологија: За логика на идното коегзистирање“ (Columbia, 2016), „Ништо: Три  Истражувања во будизмот“ (Chicago, 2015), „Хиперобјекти: филозофијата и екологијата после крајот на светот“ (Minnesota, 2013), „Реалистичка магија: објекти, онтологија, каузалност“ (Open Humanities, 2013), „Еколошка мисла“ (Harvard, 2010), „Екологија без природа“ (Harvard, 2007), како и други книги и околу 200 есеи од областа на филозофијата, екологијата, литературата, музиката, уметноста, архитектурата и дизајнот.  Тој исто така е ко-сценарист со Џеф Бриџис, и актер во филмот во „Живеејќи во минатото на иднината“, посветен на глобалното затоплување.

 

Автор на проектот Без/редие во светот на уметноста е Тихомир Топузовски.

МИНАТИ ЕВЕНТИ

Предавање на Аманда Боеткис

Понеделник 29/08/ 2022 во 19.00

Кино МСУ – Планински филм на ридот

Уметникот се претставува: Дарко Алексовски

13. 04. 2022

Предавање на Владимир Јанковиќ - Синтетички неба