Настани Велимир Жерновски: „Confutatis – од што се направени хероите?“
EN

Велимир Жерновски: „Confutatis – од што се направени хероите?“

Петок, 26/04/2024 20.00 ч.

Претставување на проектот „Confutatis – од што се направени хероите?“ на ликовниот уметник – Велимир Жерновски, реализиран како завршен настан во рамки на манифестацијата Европско номадско биенале – Манифеста 14 (28.10.2022.)

Во рамки на едновечерниот настан ќе биде промовирана печатена публикација со воведен текст „За соработката и оплакувањето со Велимир Жерновски“, конципиран од теоретичарката на уметноста – д-р Кетрин Николс, кураторка на Манифеста 14 и Хамбургер Банхов – Национална галерија на современата уметност, Берлин. Николс има поставено и бројни монографски и тематски уметнички изложби, вклучувајќи ги: Beuys: We are the Revolution, The End of the 20th Century: The Best Is Yet to Come и Capital: Debt – Territory – Utopia, Everyone is an Artist: Cosmopolitical Exercises with Joseph Beuys и многу други.

Публикацијата содржи теоретски контрапункт на ликовниот проект: „Confutatis – од што се направени хероите?“, конципиран од д-р Натали Рајчиновска-Павлеска, кураторка на проектот, критичарка и ликовна теоретичарка.

Поради спецификите и единственоста на изведбата, проектот ќе биде претставен преку документарен видео материјал од изведбата на едновечерниот перформанс.

Соработници: Колектив Ветерница, Скопје & Трисомија 21, Скопје

Изведувачи: Велимир Жерновски, Маша Блажевска, Кристина Петровска, Ена Ковачевска, Нана Танеска, Мартин Манчевски, Матеј Петровски, Ана Јовановска, Матеј Аларов, Ена Митревска, Марио Мицковски, Стефан Трпковски, Елизабета Петковска, Илина Георгиева, Коста Цветковски, Филип Ангеловски, Оливер Блажевски, Ивана Неделковска, Милош Стојановиќ, Марија Бејкова, Билјана Митева, Билјана Димитрова

Музички соработници: Филип Митров, Јоана Ристеска
Сценски режисер: Стојан Павлески
Фотографии од перформанс: Јелена Белиќ

          Публикацијата е издадена од Здружение на граѓани – Контрапункт
          Изданието е дел од платформата КРИК – фестивал за критичка култура

Проектот е реализиран со поддршка од:

          Манифеста 14, Приштина, 2022
          Министерство за Култура на Република Северна Македонија
          Публикацијата е објавена во рамки на проектот Re-Imagine Europe – New Perspectives for Action
          Проектот е поддржан од програмата на Креативна Европа на Европската Комисија

МИНАТИ НАСТАНИ

МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол

Четврток, 27/06/2024, 21:00

Повик за учество на работилница „не баш прошетка“

Повикот е отворен до вторник, 14 мај 2024

МАТИНЕ

13/04/2024

Повик за учество на работилницата „Харизматични објекти“

Пријавување до сабота, 30 март 2024