EN

Ханс Хартунг

| Франција |

Роден во Лајпциг | 1904 – 1989

Ханс Хартунг и неговата сопруга, Ана Ева Бергман, се едни од најдарежливите донатори на Музејот. Заедно подарија 26 дела.
Делата на Хартунг се добиени при личната посета на неговото ателје на тогашниот директор на Музејот, Борис Петковски, а на препорака на сликарот Зоран Мушич. При изборот на сликата што требаше да биде подарена на Музејот мислењата на Хартунг и Петковски се совпаднаа.
Делото Т-1962-РТ е со големи димензии и претставува едно од најмаркантните негови остварувања од тој период. Тоа ја одразува неговата специфична експресивна страст што се граничи и со хаотичност, но истовремено и со контролирана лирска медитативна поетичност.
Сликата е вклучувана во многу изложби, а неговите графики се двапати прикажани во Музејот (1966-со Ана Ева Бергман и 1993).

Ги претставуваме делата од Ханс Хартунг вклучени во колекцијата на МСУ:
Ханс Хартунг, Т-1962-Р1, 1962, масло на платно, 58х250см | Бр. 25, 1953, бакропис, а.о., 50х66см | Бр. 32, 1957, литографија, а.о., 65х50см | Бр. 38, 1958, литографија, а.о., 76х56см | Бр. 69, 1958, литографија, а.о., 56х76см | Бр. 108, 1963, литографија, а.о., 56х76,5см | Бр. 123, 1964, литографија, 25/75, 76х56см | Бр. 116, 1963, литографија, а.о., 76 х 56см. | Бр. 26, 1953, бакропис, а.о., 50×65см | Бр. 124, 1964, литографија, 25/75, 56×76см | Бр. 112, 1963, литографија, а.о., 56×76,5см | Бр. 100, 1963, литографија, а.о., 76×56см | Бр. 59, 1958, литографија, а.о., 65×50см

Претходни изданија