EN

Жења Шеф

| Германија/Русија |

Роден како Евгени Шефер во 1954 во Актубинск, Казахстан, СССР. Создава објекти, инсталации, слики и тридимензионални компјутерски дела. Пред емиграцијата во Западен Берлин во 1985 година, Шеф учествува во активностите на неформалните и независни уметнички кругови во Москва, во кои членуваат, меѓу другите и Илја Кабаков, Виктор Пивоваров, Анатоли Зверев и Семјон Фаибисович. Во 1985 Шења Шеф се сели во тогашна Западна Германија, кадешто е веднаш забележан со успехот кој го постигнува со гравурите работени за илустрации базирани на книгите на Маркиз де Сад. Во 1988 Шеф ги посетува последипломските студии на Ликовната академија во Виена, во класата на Ерик Брауер. Кон крајот на 1993 тој се сели во Њујорк, кадешто излага заедно со неколку други уметници од независните уметници од советската ера. Покрај стриктно уметничкото творештво, Жења Шеф работи и на илустрации за бројни литературни изданија, како и со литературно творештво.

 

Вечниот град, 2003

инк-џет печат, 85 x 160

Долина на кралевите, 2003

дигитална фотографија на хартија, 84 х 162

Претходни изданија