06/12/ 2019 - 10/12/ 2019
„Доколку постоjат материјално, технолошко и индустриско загадување кои ја изложуваат климата на очигледни ризици, тогаш постои и уште едно, невидливо, загадување што го загрозува нашето време – културно загадување кое го имаме пренесено во нашите долготрајни мисли, чуварите на оваа Земја, на човечноста и на сите нешта. Ако не се бориме против второво, ќе ја изгубиме битката со првото.“
Мишел Серес, Природниот договор (1990)
Пејзажи на совеста ги истражува врските меѓу материјалното, технолошкото, индустриското и културното загадување, гледајќи го светот како вмрежан екосистем составен од различнo-конфигурирани, историско-динамични контакт зони, наместо како збир од различни, одвоени екосистеми. Во фокусот на изложбата е потребата за поголема политичка, сеизмичка промена, отфрлајќи ги потенцијалните дискусии за единките во/ и животните средини: форма на благосостојба обликувана според класни и расни уверувања.
Заробени во сопствените моќи и ограничените животни сфери, посветено создаваме свет полн спектакли издигнат врз историското насилство, каде Земјата и водата се ништо повеќе од обичен украс.
Па така, не успеваме да го осознаеме светот.
Изложбата содржи 11 фотографии, 8 видео-инсталации, од нови и признаени автори и 4 филмски уметнички дела. Фотографиите и видеата се распоредени низ галерискиот простор без строго-утврден редослед, а секоја инсталација е претставена во нејзината сопствена средина. Видеата и филмовите имаат различно времетраење: 9 до 106-минутни видеа прикажувани без престан, како и филмови со различна должина.
Уметници:
Мила Паниќ, Карлос Касас, Урсула Биман, Арјуна Нојман и Дениз Фереира да Силва, Јунес Бен Слимане, Патрик Содерлунд, Ругил Барзџукаите, Хироацо Сузуки и Росана Торес, Тамер Хасан и Арманд Јервант Туфенкиан.
Пејзажи на совеста се реализира во соработка со ПравоЉудски филм фестивал од Сараево.
Кураторкa на изложбата e Кумјана Новакова, во соработка со Диого Переира. Визуелниот идентитет и графички дизајн е на Елена Диновска Зарапчиев.
Филмска програма
07. 12. 2019 / 18 часот
Гробишта
Карлос Касас
Франција, Обединето Кралство | 2019 | 85’
07.12. 2019 / 19.30 часот
Разговор: Карлос Касас, Мила Паниќ, Диого Переира, Кумјана Новакова
08. 12. 2019 / 18 часот
Растење
Тамер Хасан, Арманд Јервант Туфенкиан
САД | 2018 | 48’
09. 12. 2019 / 18 часот
Земја
Хироацо Сузуки, Росана Торес
Португалија | 2018 | 60’
10. 12. 2019 / 18 часот
Кисела шума
Ругил Барзџукаите
Литванија | 2018 | 63’
МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм
Четврток, 18/07/2024, 21:00
МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол
Четврток, 27/06/2024, 21:00
Јасмина Цибиц: презентација
Петок, 28/06/2024, 20:00
МСУ Летно Кино - Меѓу присуство и отсуство
Четвртoк, 13/06/2024, 21:00