29/10/ 2018
„Откопување на државното насилство“
Предавање | 29 октомври | 19.30–21.30
Работилница | 30 октомври | 10.00–16.00
Современите конфликти се почесто се случуваат во густо населени и медијатизирани средини. Многубројни се наводите за прекршување на човековите права што се случуваат таму, но тие често се изобличени или едноставно замолчени од официјалните приказни. Пристапот за да се води истрага до овие места главно е привилегија на државата.
Forensic architecture, мултидисциплинарна истражувачка агенција од Голдсмитс, Универзитет Лондон, прави просторно-временска анализа на места на злосторства во обид да најде скриени докази и да ги направи достапни за јавен дијалог. Во свет на алтернативни факти и се поголем надзор, оваа група го врти погледот кон внатре преку истражувачка пракса што ги поврзува областите на активизам, наука, технологија и естетика.
ПРЕДАВАЊЕ И РАБОТИЛНИЦА
Предавањето по кое ќе следи и работилница, ќе ги запознае учесниците со новите проекти на Forensic architecture за да добијат увид во истражувачките методи и предизвици на оваа група.
Предавањето и работилницата ќе биде реализирани од членовите на Forensic architecture Симон Роват и Стефанос Левидис во организација на Музејот за современа уметност – Скопје како дел од нивната интердисциплинарна програма Радикално образование, во соработка со Британски совет, како дел од програмата PLAYUK. Во продолжение следат биографиите на предавачите од Forensic architecture.
ЗА FORENSIC ARCHITECTURE
Forensic architecture е мултидисциплинарна истражувачка група од Голдсмит, Универзитетот во Лондон. FA спроведува современи архитектонски и медиумски истражувања на случаи поврзани со државен криминал и кршење на човековите права, и тоа во име на меѓународни обвинители, организации за заштита на човекови права како и политички и еколошки групи кои се залагаат за правда. Во последниве неколку години, ФА успешно ги тестирaше и ги употреби своите методологии во голем број значајни правни случаи како и случаи каде се утврдија повреди на човековите права, при тоа во соработка и во име на заедниците кои се под закана, невладини организации, обвинители како и Обединетите Нации. Главните корисници на работата на ФА постојано се жртви на кршење на човековите права, исто така заедници кои се наоѓаат во конфликтни зони или на некоја друг начин се засегнати од неуспехот на државата нив да ги заштити или пак се објект на нејзиното насилство. Податоците кои ги користи ФА се во форма на модели, цртежи, мапи, интерактивни картографски карти, веб-базирани филмови и анимации, кои исто така се изложувани во водечки културни и уметнички институции.
Forensic architecture е номинирана за овогодинешната награда Тарнер, на Музејот Тејт. Номинацијата е за нивното учество на Документа 14 како и нивната самостојна изложба ‘Спротиставени истраги’ во ICA Лондон, и ‘Кон истражувачката Естетика’ одражана во MUAC, Мексико и MACBA Барселона.
СИМОН РОВАТ | ФИЛМСКА АВТОРКА И ИСТРАЖУВАЧ
Симон Роват е уметница и филмаџија во Forensic Architecture. Дипломирала уметничка фотографија на Кралскиот колеџ за уметност, а има и диплома од Школата за уметност Слејд при Универзитетскиот Колеџ Лондон. Нејзините филмови се занимаваат со трауматски спомени, симулација и невропластичност. Симон се приклучи на тимот на Forensic Architecture во 2016, каде што помага во продукција на видеа со сведоштва на сведоци од затворот Саиднаја во Сирија.
СТЕФАНОС ЛЕВИДИС | ИСТРАЖУВАЧ / ДОКТОРАНТ
Стефанос Левидис ги заврши студиите по архитектура на Школата за архитектура Бартлет, Универзитетски Колеџ Лондон, и има магистратура од Институтот за напредна архитектура во Каталонија, каде што и предавал дизајн и дигитално/роботско производство. Во моментов е докторанд на Центарот за истражување архитектура, Голдсмитс Универзитет. Неговата работа се движи меѓу теорија, просторна пракса, филм и активизам и се применува во ова поле и било изложена во меѓународни рамки. Стефанос е истражувач во Forensic Architecture од октомври 2016 година.
МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм
Четврток, 18/07/2024, 21:00
МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол
Четврток, 27/06/2024, 21:00
Јасмина Цибиц: презентација
Петок, 28/06/2024, 20:00
МСУ Летно Кино - Меѓу присуство и отсуство
Четвртoк, 13/06/2024, 21:00