05/11/2026
„i heard whispers at table rock“ е аудио перформанс од Лео Робинсон создаден како одговор на двете слики од Обри Вилијамс на изложбата „Изгубени низ процепите: Обри Вилијамс и колекцијата на МСУ-Скопје“. Овој перформанс ги продолжува обидите на Робинсон да ги долови манифестациите на дијаспоричниот, фрагментиран внатрешен свет, повикувајќи не само на домородните и предците духови, туку и на психологијата на миграцијата и неприпадноста. Делото се темели на обидот на Вилијамс да ги консолидира навидум различните влијанија, каде што монументалните музички дела на Шостакович од западната класична традиција се наоѓаат покрај неговата доживотна заљубеност во домородните симболи на Америка, сликајќи динамичен и комплексен внатрешен свет во кој овие елементи коегзистираат. Делото користи манипулација со касета во живо на озлогласената снимка од Петтата симфонија на Шостакович од 1957 година како позадина. Преку импровизиран и еволуирачки звучен колаж, се воведуваат примероци од етнографски материјал од 20 век, современи онлајн ефемери, живи перкусии и сопствени теренски снимки на Робинсон од Карибите.
Лео Робинсон (1994, Стафордшир) е мултидисциплинарен уметник кој жиее и работи во Лондон. Тој истражува нови модели на ритуали и церемонии преку скулпторски инсталации, видео, звук и дијаграмски дела, шпекулирајќи за тоа како би можеле да формираме нови системи и симболи од спојување на поп-културни, митолошки и теоретски извори. Неговиот опус замислува топографии на психо-просторот, а во нив и начини за исцелување на потомците на миграцијата, духовното разделување и колонијалното насилство. Тој изложувал на национално и меѓународно ниво. Самостојните изложби вклучуваат DREAM-BRIDGE-OMNIGLYPH, Лондон Mithraeum Bloomberg Space, 2024; On Exactitude, Indigo+Madder, 2023; The Infinity Card, Chapter Arts Centre, 2022; Theories for Cosmic Joy, Tiwani Contemporary, 2019. Групните изложби ги вклучуваат Play Power, Sainsbury Centre, 2026; The Trembling Museum, Hunterian Art Gallery, 2023; To The Edge of Time“, KU Leuven, 2021. Имал резиденцијални престои во G.A.S (Нигерија, 2023) и Hospitalfield (Шкотска, 2025). Во 2025 година, ја добил наградата Art Foundation Futures за визуелна уметност и бил поканет за „Earth Rising: Messages from the Pale Blue Dot“ на Artangel. Неговата музика е издадена од PRAH Recordings и изведена во живо на BBC 6Music