Настани Дискусија со уметничката група Отолит (The Otolith Group)
EN AL

Дискусија со уметничката група Отолит (The Otolith Group)

11/09/2026, во 12,00

Музејот на современата уметност – Скопје, во рамките на Интердисциплинарната програма, продолжува со предавања и дискусии.

Во петок, 11 септември, со почеток во 12:00 часот, на Факултетот за ликовни уметности – Педагошка академија, ќе се одржи дискусија со светски реномираната уметничка група Отолит (The Otolith Group).

The Otolith Group е основана во Лондон во 2002 година од британско-индиската уметница, филмска авторка и антрополог Анџалика Сагар и британско-ганскиот уметник, писател, теоретичар и филмски автор Кодво Ешун.

Во својата дводецениска практика тие истражуваат како да се набљудува и анализира планетарниот дисбаланс што произлегува од неадекватни политички процеси и одлуки, структурна социјална и економска нееднаквост и систематско уништување на животната средина.

За The Otolith Group, еколошките кризи не се изолирани појави, туку резултат на социјални, политички и економски констелации, длабоко вткаени во историските конфликти и експлоататорските модели што ја обликуваат колективната сегашност.

МИНАТИ НАСТАНИ

Дискусија со уметничката група Отолит (The Otolith Group)

11/09/2026, во 12,00

Предавање на Растко Мочник за современиот капитализам и уметноста

26/06/2026 во 19:00

Предавање на Кен Фридман

13/05/2026, во 19,30 ч.

Филмска програма 2025 - Во создавање: Изведи / Исцрпи

Среда, 10/12/2025, 18:30 – 20:30 ч.