Продавница Ново издание: каталог од Сè што ни е заедничко
EN

Ново издание: каталог од Сè што ни е заедничко

 
Неодамна од печат излезе каталогот за изложбата „Сè што ни е заедничко“, кој може да се најде во МСУ книжарницата.
 
Изложбата третира теми од низа историски и современи случувања, вклучувајќи глобални конфликти, родова експлоатација, колонијализам, расизам, нехуман третман кон мигрантите, суровост врз животните, здравствени кризни состојби, индивидуални и колективни состојби на кршливост и кревкост. Ставена е нагласка на тоа како овие настани, процеси и ситуации продуцираат нееднаква динамика на моќ, насилство и штета врз маргинализираните, но и потреба да се најде начин за излез надвор од рамките на личното и политичкото затвореништво.
 
Кураторкa на изложбата е Јованка Попова. Уметници застапени во каталогот: Дарко Алексовски (С.Македонија) , Мерием Бенани (Мaроко/САД) и Ориан Барки (Израел/САД), Јакуп Фери (Косово/Холандија), Игор Грубиќ (Хрватска/Италија), Капвани Киванга (Канада /Франција), Илија Прокопиев (С. Македонија/Словенија), Зорица Зафировска (С.Македонија), Дриант Зенели (Албанија/Италија) и Лана Чмајчанин (Босна и Херцеговина/Австрија).