Проектот на модната куќа агнес б., уникатното списание point d’ironie (www.pointdironie.com) во најновото 67. издание го претставува проектот на Леонард Хилтон Мекгар ака Футура, американскиот графити уметник кој заедно со Жан Мишел Баскија, Кит Харинг и Кени Шарф во 1980-те години стана познат со воведувањето на апстрактниот сликарски израз во уличните графити.
Типично распореден на осум страни, кои ги добива секој уметник поканет од уредникот на списанието, познатиот швајцарски куратор Ханс Улрих Обрист, point d’ironie во последното издание ја донесува анти-воената порака на Футура, како што гласи и насловот на неговиот проект NO GUERRA: „БЕЗ ВОЈНА е креативна презентација на концепти, индивидуи, места и идеи. Благодарам за вашите анти-воени размислувања …“
Списанието се печати во сто илјади копии и бесплатно се дистрибуира до уметнички институции и галерии во над сто земји во светот. Музејот на современата уметност е единствен дистрибутер за Македонија повеќе од дваесет години. Музејот списанието го добива во ограничен тираж од сто копии, кои можат да се добијат бесплатно во музејската продавница.