Продавница Large Glass Journal 33/34
EN

Large Glass Journal 33/34

 

Новиот број на списанието The Large Glass Journal 33/34 – 2022, кое во издание на МСУ Скопје излегува на англиски јазик, овозможува критички пристап кон различни аспекти поврзани со (не)видливоста на Ромите, вклучувајќи текстови, визуелни проекти и други прилози кои ја тематизираат нивната  општествена исклученост.

Автори застапени во овој број на Големото Стакло се: Даниел Бекер (уметник), Кимо Грaнквист (професор по Pомски студии на Универзитетот во Хелсинки, Финска), Jоана Варша (кураторка) Естер Гиoјрги (професорка по Историја на Универзитетот по хуманистика во Будимпешта, Унгарија), Јуст Вандебруг (уметник), Сузана Милевска (теоретичарка и кураторка), Ивана Хаџиевска (историчарка), Моника Вајхерт (професорка по новинарство и комуникација на Универзитетот за Општествени науки во Варшава, Полска), Михаил Стојановски (Советник во Европскиот центар за ромски права), Аманда Буткес (професорка на Универзитетот Гуалф, Канада), Мира Гаќина (кураторка и директорка на Музејот на современата уметност во Скопје).

Списанието се печати на англиски јазик

Цена: 300 денари