08/11/ 2019 - 08/12/ 2019
Името на изложбата „SYSTEMA“ е заеднички носител на дводелната научно-фантастична книга „Book of Sclavin“ и „SYSTEMA – Book of Sclavin 2.0“, како и интерактивната игра „GENEZA“ на Никола Радуловиќ. Всушност, изложбата „SYSTEMA“ претставува триделно заокружување на веќе прикажаниот прв дел со книгата „Book of Sclavin“, дело, кое на XI Биенале на млади во МСУ-Скопје, му донесе награда на уметникот Никола Радуловиќ, како најдобар млад автор.
Книгата претставува утопистичка научна фантастика во која централно место во формирањето на новите светови и човековиот развој во иднината е елементот на „капсулата“ што човештвото и неговите потомци ја поседуваат, но не ѝ го знаат значењето сè до финалната форма на нивниот развој.
Новината што трилогијата „Book of Sclavin“ ја носи во себе е книжевно дело што во себе ја содржи можноста за нов виртуелен визуелен свет, отклучен со помош на паметни телефони, преку QR кодови, со кои оживуваат авторовите илустрации во форма на гифови.
„GENEZA“ e дело во кое е активно вклучен посетителот, преку интерактивен објект, создаден во вид на puzzle. Во неа реципиентот, публиката има можност сами да ги откриваат стапките на човечката еволуција, (севкупно 7 карактера) низ епохите вo иднината, во едно интерактивно искуство. Секој дел од анимациите е поврзан со звук, кои заедно со другите анимации/звуци создаваат различен звучен ефект, со ентитетите што се формираат.
Дополнително, како дел од изложбата се и проекциите на двата дела од книгата „Book of Sclavin“ и „SYSTEMA“, која посетителите ќе имаат можност да ја отвораат преку различни интерактивни објекти.
Kуратор: Бојана Јанева-Шемова.
Откривања: Дела од шпанската колекција
14/10/2024 - 03/11/2024
Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски
26/09/2024 - 17/11/2024
СЕРХАТ ЕМРУЛАИ: Се селиме на нова локација
5/09/2024 - 5/11/2024
НАЏА КРАЧУНОВИЌ: Во име на мајка, во презиме на татко
5/09/2024 - 5/11/2024