24/10/ 2019 – 20/11/ 2019
Изложбата „Трета страна на стварноста“ отвора повеќе дилеми на едно кондензирано место – што значи солидарноста кога станува збор за вредностите кои фрлаат нова светлина и обезбедуваат поинаков поглед кон постоечката целина на знаењето?
Дали современоста, гледана како антагонистички простор од повеќе делови од минатото, може да ни посочи нови вистини, како дел од политичката желба за иднината? И дали има некои други аспекти кои можат да се земат превид при разгледувањто на нивното денешно значење?
Еден од можните начини за критичко преиспитување на солидарноста и современоста е колекцијата и архивата т.е. нивната селекција, пристапот, начинот на изложување и претставување ја одредува и нивната идентитетска и идеолошка политика и позиција.
Во средината на другите стварности е инсталацијата „Архиликс“ на архитектот и уметник Срѓан Јовановиќ Вајс, која е специјално создадена за оваа изложба.
Тој вели: „Тежнееме кон жалење или фалење кога нештата „ќе отидат во погрешна насока“ во институциите на културата, како протекувањето. Прашањето е: дали навистина работите одат во погрешен правец? Или дали протекувањето е дел од поголема потрага по праведност во современиот простор?Или, дали имаме некаква идеја за што навистина е тоа погрешно нешто? Овие прашања се важни за било која од институциите за современа уметност, како што се и институциите во Скопје. Она што „Архиликс“ го прави во најконтестираниот музеј во Скопје е обележување на протекувањата кои музејот ги имал, има, и ќе ги има. Ништо помалку и ништо повеќе.
„Архиликс“ е за вклучување на грешките во генералната наратива на граѓанскиот простор“.
Изложбата исто така одбележува и 55 години од формирањето на Музејот на современа уметност како музеј на солидарноста. А она што е важно во овој глобален капитализам, во контекстот на 21 век, е дека не само што заедништвото и грижата за заедничкото, надвор од флосулите, празните зборови и идеолошките непријатели, ни е идентитетот, туку и единствена опција за иднината.
Кустос: Ивана Васева
Откривања: Дела од шпанската колекција
14/10/2024 - 03/11/2024
Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски
26/09/2024 - 17/11/2024
СЕРХАТ ЕМРУЛАИ: Се селиме на нова локација
5/09/2024 - 5/11/2024
НАЏА КРАЧУНОВИЌ: Во име на мајка, во презиме на татко
5/09/2024 - 5/11/2024