Изложби Тековни Следни изложби Минати изложби
EN

Сè што ни е заедничко

18/12/2021 - 31/03/2022

 

Изложбата ги адресира прекаријатните критички, општествено произведени дискурси и нивните манифестации и условите на несигурност во капиталистичкиот локален и глобален контекс.  Изложените дела го прикажуваат потенцијалот на уметноста како политика.

 

Избраните уметници ја истражуваат оваа територија користејќи ги расположливите човечки и физички ресурси во насока на општествено дејствување за општото добро, со намера да покажат дека поагресивна форма на отпор во уметничкото дело е возможна. За тоа да се постигне, потребно е имагинацијата да се трансформира во „нов труд“, но и заедничко здружување во нови форми на политичко делување во посебните и глобалните домени на несигурноста.

 

„ Сè што ни е заедничко се однесува на состојби кои сите ги сведочиме и живееме, а се поврзани со ранливоста и егзистенцијалната небезбедност, економски неправди, политички манупулации, лошо регулирање на работнички права, митот за слободата на говорот, теории на заговор кои шират национализам, експлоатација на трудот, современото расно насилство, борбите на квир движењата, последиците врз психата и телесноста од политичкото „дисциплинирање“ во различни контексти и ситуации, во Македонија, регионот и во светот. Наспроти тоа, изложбата не поттикнува да го доведеме во прашање начинот на кој ја доживуваме нашата актуелна ситуација, да предложи сценарија за некои нови идни сојузи и слободни територии и да нè натера да размислуваме како нашите индивидуални визии, одговорности и обврски можат да бидат социјално споделени и да служат на колективни цели“, изјавуваат кураторките Мира Гаќина и Јованка Попова.

 

Ако капитализмот неминовно бара фокус врз себството, изложбата ги поставува следните прашања: – Каков е светот кога се доживува, развива и живее од аспект на различности наспроти идентитетот? Кои се начините на коишто солидарноста и грижата за другиот може да бидат точка на отпор наспроти капиталистичкиот поредок?  Во таа смисла, изложените дела ги истражуваат врските помеѓу солидарноста и политиката како и можните остварливи и позитивни алтернативи за креирање нови простори кои го засегаат јавното преку приватното, заробената држава преку секојдневна акција, што резултира со нови видови на здружувања со нови видови на организација, структури и институции.

 

Главната цел на изложбата е да понуди уметничко толкување на радикално левичарските политики и практики кои го опфаќаат концептот на сознание на различноста и солидарноста на локално и глобално ниво, истражено и презентирано преку уметничка акција.

 

Ќе бидат изложени дела од 11 интернационално признати уметници: Францис Алис (Белгија), Марва Арсаниос (САД), Шерон Хејс (САД), Артур Џафа (САД), Хива К (Ирак), Јонас Стаал (Холандија), Ву Цанг (САД), Дардан Жегрова (Косово), како и македонските уметници Кристина Божурска, ОПА (Опсесивно посесивна агресија) и Игор Тошевски.

 

Куратори на изложбата се Мира Гаќина и Јованка Попова.

 

Дизајн на визуелно решение: Неда Фирфова

 

Фото кредит: Маја Аргакиева

 

Изложбата е реализирана со поддршка од Министерството за култура на Р.С. Македонија, ЕВН Македонија и Тиквеш

 

Игор Тошевски/Igor Toshevski/Уште еден проклет момент: Патникот/Another Damn Moment: The Passenger/2018

ОПА (Опсесивно посесивна агресија)/OPA (Obsessive Possessive Aggression)/ Вечно тело/Eternal Body/2013

Шерон Хејс/Sharon Hayes/Се останато пропадна! Не мислиш ли дека е време за љубов?/ Everything Else Has Failed! Don’t You Think It’s Time For Love?/2007

Франсис Алис/Francis Alÿs/Парадокс на праксата 1 (Понекогаш правењето нешто води во ништо)/ Paradox of Praxis 1 (Sometimes Making Something Leads to Nothing)/1997 

Кристина Божурска/Kristina Bozurska/Допрени конци/Tangled Threads/2019

Игор Тошевски/Igor Toshevski/Територии/ Territories/2004 -2021

Јонас Стал/Jonas Staal/Нови сојузи/New Unions/2016 - 2019

Дардан Жегрова/Dardan Zhegrova/Сите ние трчаме наоколу назад/We All Ran Around the Backyard/2019

ОПА (Опсесивно посесивна агресија) во соработка со Софија Григоријаду/OPA (Obsessive Possessive Aggression) in collaboration with Sofia Grigoriadou/Канцеларија за пропаганда/ Propaganda Office, 2021

Кристина Божурска/Kristina Bozurska/Впишано во камен/Set in stone/2019

Марва Арсаниос/Marwa Arsanios/Аматери, ѕвезди и статисти или Трудот на љубовта/Amateurs, Stars and Statists or The Labour of Love/2018

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Ахмет Огут: СКОКНИ

26/05/ 2022 - 21/09/ 2022

Лазо Плавевски: На тенок мраз

Дарко Алексовски: Пејзажи на восхитот

08/04/2022 - 26/05/2022

Аквизиции - донации 2017-2021

02/04/2022 - 15/05/2022