Изложби Тековни Следни Минати
EN

Родови перцепции

12/06/ 2019 – 12/08/ 2019

 

Родови перцепции во Музејот на современата уметност – Скопје е последната изложба која е дел од колаборативниот кураторски проект Перцепции, фокусиран на женската уметност. Проектот, замислен како соработка помеѓу пет куратори од Западниот Балкан, во рамките на секоја остварена изложба претстави 24 дела од 14 британски уметници од колекцијата на Британскиот совет кои кураторите заеднички ги избраа и со кои влегоа во дијалог преку  локалните уметнички дела. На тој начин Перцепции прерасна во флуиден женски уметнички простор на пресекот на различните културни, политички и теоретски стратегии во рамките на политичката географија на Западниот Балкан – почнувајќи од Цетиње, преку Нови Сад и Приштина, Бања Лука, за конечно да се претстави и во Скопје.

Изложбата во Скопје ќе го затвори изложбениот циклус со презентацијата на 39 современи уметнички дела од 25 жени, концептуализирани во три дела: видувања, репрезентации. Застапените уметници ја враќаат женската форма, прекинувајќи го репродуцирањето и продолжувањето на родовата хиерархија и конечно предлагајќи нови методи на размислување за (родовата) репрезентација.

Преставен низ три нивоа на женската положба: гледање и видување – ПОГЛЕДИ, визуелно претставување – РЕПРЕЗЕНТАЦИИ и “поништено претставување”. Идејата зад оваа концептуална поделба не е да се создаде уште една рамка за интерпретација преку повеќе-слојна визуелизација на женското искуство, туку да се повика на структурирано и детално преиспитување на машкиот принцип врз кој е изградена модерната, но и критички да се навлезе во проблематиката на репрезентацијата преку радикално преиспитување.

Уметници: Абигејл Лејн, Моника Мотеска, Камила Лоу, Евгенија Демниевска, Анета Светиева, Мадам Јевонд, Мирна Арсовска, Силија Хемптон, Лаура Олдриџ, Хелен Чедвик, Елизабет Прајс, Сара Лукас, Жанета Вангели, Ирена Паскали, Антеа Хамилтон, Трејси Емин, Клер Стренд, Џилијан Веринг, Верица Ковачевска, Љупка Делева, Рејчел Вајтрид, Христина Иваноска, Ана Темкова, Виолета Чаповска, Лубаина Химид

Куратори на изложбата: Кумјана Новакова, Благоја Варошанец

 

На насловната фотографија: Анета Светиева, Кај убавицата и ѕверот, 1993, теракота, триделна инсталација во различни дименазии

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Откривања: Дела од шпанската колекција

14/10/2024 - 03/11/2024

Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски

26/09/2024 - 17/11/2024

СЕРХАТ ЕМРУЛАИ: Се селиме на нова локација

5/09/2024 - 5/11/2024

НАЏА КРАЧУНОВИЌ: Во име на мајка, во презиме на татко

5/09/2024 - 5/11/2024