Изложби Тековни Следни Минати
EN

Петар Лубарда

01/03/ 2023 - 31/03/ 2023

Во годината кога се одбележуваат 60 години од скопскиот земјотрес, Музејот на современата уметност Скопје го претставува делото на Петар Лубарда, најзначајниот црногорски уметник и еден од влијателните сликари на територијата на поранешна Југославија во децениите по Втората Светска Војна.

Во октомври 1963 година, Петар Лубарда ги подарил сите 26 дела од неговата изложба во Ниш, подоцна изложени и во Скопје, со што тој станал, не само еден од првите, туку и меѓу најголемите дарители на МСУ – Скопје. Музејот во својата колекција има вкупно 52 дела, меѓу кои, 40 слики во техника масло на платно и лесонит, два акварели и десет цртежи што опфаќаат две и пол децении од кариерата на уметникот (1942-1966).

Петар Лубарда (1907–1974) во меѓувоениот период студирал сликарство во Белград и Париз, а од 1932 година до неговата смрт во 1974 година живеел во Белград. Неговиот особено експресивен фигуративен стил, кој се граничи со асоцијативна апстракција, му донесе широко меѓународно признание, вклучително и една од трите меѓународни откупни награди за сликарство на Биеналето во Сао Пауло во 1953 година.

После подолго време, публиката ќе има прилика да ги види сите дела на Лубарда од Колекцијата на МСУ-Скопје, заедно со архивски материјали, кои се однесуваат на неговите изложби и донациите.

Во време на кризи, катастрофи и воени судири кои го обременуваат современиот свет, сметаме дека е важно потсетувањето на концептот за солидарност на кој се темели МСУ-Скопје и за важноста на меѓународната соработка кои се основа за унапредување на општествената сфера и справување со заедничките предизвици.

Куратори на изложбата се Благоја Варошанец и Владимир Јанчевски. Соработници на проектот се конзерваторите Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска. Дизајнот на промотивниот материјал е на Илиана Петрушевска.

Изложбата се организирана како резултат на заедничката соработка на министерствата за култура на Црна Гора и Република Северна Македонија, амбасадата на Црна Гора и Музејот на современа уметност – Скопје под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.

Изложбата ќе биде отворена до 31 март 2023 година.

Изложбата и каталогот се реализирани со финансиска помош на Министерството за култура и медиуми на Црна Гора.

Петар Лубарда, Студија, 1948, масло на картон, 25х23см

Петар Лубарда, Пејзаж, 1960, масло на платно, 100х81см

Петар Лубарда, Полип, 1950, масло на платно, 81х100см

Петар Лубарда, Зелен змеј, 1965, масло на платно каширано на лесонит, 100х200см

Петар Лубарда, Оган, 1958, масло на платно, 120х147,5см

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Континуитети: француски уметници во збирките на МСУ Скопје

07/12/ 2023 - 22/02/ 2024

Сè што ни е заедничко

20/10/ 2023 - 12/05/ 2024

Пејзаж на вознемиреност: 11 критични жешки точки во Р.С. Македонија

04/10/ 2023 - 09/10/ 2023

БИСТА – Биенале на студентите по архитектура 2023

20/09/ 2023 - 28/09/ 2023