Изложби Тековни Следни Минати
EN

Уметноста на плотер (од колекцијата на МСУ Скопје)

02/04/ 2019 - 30/05/ 2019

 

Плотерската уметност како сегмент на компјутерската уметност не е новина во современата уметничка практика. Го истакнуваме овој факт, бидејќи многу луѓе веруваат дека компјутерите станале важен елемент на современата уметност по 2000-тите години, откако персоналните компјутери станаа неразделен дел од секојдневниот живот. Преку тоа се зачнува размислувањето околу тоа дека не станува збор само за репродуктивен медиум, туку за посебно концептуализирано самостојно дело. Исто така, компјутерската уметност има доста богата историја – компјутерите се дел од уметничката практика уште во педесеттите години на минатиот век, кога многу уметници и дизајнери работеле со механички уреди и аналогни компјутери.

 

Иако компјутерите и користењето на машините, всушност, се поврзани со дизајнерски практики, постојат многу важни современи уметници кои користат компјутери во нивните уметнички практики. Еден од најдобрите начини да се разбере улогата на компјутерската уметност во современата уметничка практика е дефинирање и презентирање на историјата на оваа форма на уметност.

 

При класифицирањето и определувањето на улогата на овој тип дела во колекцијата на МСУ, без длабока елаборација и хронолошки континуитет се следат индивидуалните согледувања на поединечни автори. Фокусот на селекцијата е од крајот на 80-тите сè до доцните 2000-ти години.

 

Куратори на изложбата: Марика Бочварова Плавевска и Благоја Варошанец

 

Застапени уметници:

Виктор Николаев; Владимир Бороевиќ; Јован Балов; Елизабета Аврамовска; Љупка Делева; Оливер Мусовиќ; Игор Сековски; Милета Продановиќ; Ирена Паскали; Лучезар Бојаџиев / Luchezar Bojadziev; Едуардо Кац / Eduardo Kac; Миодраг Десоски / Miodrag Desoski; Крунислав Стојановски; Венко Цветков; Матеј Богдановски; Борис Шемов; Ладислав Цветковски; Жанета Вангели;  Група ОПА; Иља Чичкан ; Марко Стојановиќ; Михаил Мурин

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Албан Муја - Линијата што избледнува: Приказни за работ на легалноста

07/06/2024 – 28/08/2024

Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил

28/05/2024 - 02/09/2024

Аквизиции – Донации 2022-2023

18/05/2024 - 25/08/2024

Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024 >

04/04/2024 – 21/05/2024