Изложби Тековни Следни Минати
EN

Сè што ни е заедничко

21/12/ 2019 - 02/03/ 2020

„Сè што ни е заедничко“ е колективно дело кое се појавува во време на состојба на несигурност во капитализмот и преку анализа на конкретни уметнички дела и практики, цели кон разоткривање на состојбите на прекаријатијатот во општествено-критички произведен дискурс и неговите манифестации.


Капитализмот преку неговите авторитарни политики создава свет во кој структурите на моќ непоколебливо се на страна на богатите, угнетувајќи ги животите на обесправените и маргинализираните. Неолибералната култура изобилува со иновации и новини со тенденција да произведува капитал, но културата никогаш не била толку деградирана.

 

Ако општата несигурност – која се одразува во трудот, образованието, популарната култура и индивидуалната и колективна психологија во современото општество – произведува конзерватизам во културата посебно, тогаш се поставуваат следните прашања: „Кои форми на делување и организирање можат да придонесат уметноста повторно да стане возбудлива и корисна во исто време? Дали таа треба да е додаток на политиката, во смисла дека политиката може да има корист од инкорпорирање на елементи специфични за уметноста, или треба да ја политизираме уметноста? Кои се насоките кои треба да се бараат за да се врати модерноста на социјални форми на акција и здружување и кои се начините на кои уметноста и културата ќе имаат удел во ова?“

 

Учесници: Даниел Гарсиа Андухар (Шпанија), Џулиета Аранда (Мексико), Tања Бругуера (Куба), Что Делат (Русија), Христина Иваноска (Северна Македонија), Сања Ивековиќ (Хрватска), Ѓорѓе Јовановиќ (Северна Македонија), Адриан Паци (Албанија), Нада Прља (Северна Македонија), Хито Штејерл (Германија), Антон Видокле (Русија и САД), Артур Жмијевски (Полска).

 

Куратори на изложбата: Мира Гаќина и Јованка Попова.

 

Дизајн: Неда Фирфова

 

Изложбата е финансиски поддржана од: Министерството за култура на Република Северна Македонија, Eurolink осигурување, Saint Gobain и Rigips, ЗСФ КОМ, Град Скопје, Park Hotel & Spa и Тиквеш. Посебна благодарност до Музеј на Македонската борба и Монозеро.

Адријан Паци/Adrian Paci/ Центар за привремен престој/Detention Center / 2007 /видео/video

Хито Штаерл/Hito Steyerl / Во слободен пад/In Free Fall / 2010 /видео/video

Ѓорѓе Јовановиќ/Gjorgje Jovanovikj / Протестен споменик/Protesting Monument / 2019

Габриел Гарсиа Андухар/Gabriel Garcia Anduhar / Посткапитал. Архива/Post-Capitalist Archive 1998-2000 / 2006/ инсталација/installation

Џулиета Аранда/Julieta Aranda / Пливање во реки од лепак (вежбање контраинтуитивна емпатија)/Swimming in Rivers of Glue (exercize in counter-intuitive empathy) / 2016/17 / инсталација/installation

Тања Бругуера/Tania Brugeara / Самосаботажа/Self-Sabotage/ 2009/ видео/video

Христина Иваноска/Hristina Ivanoska / Лесна акумулација на капитал / Light Accumulation of Capital / 2019 / инсталација/installation

Христина Иваноска зборува за своето дело / Hristina Ivanoska in a public talk at the opening

Что Делат/Chto Delat / Безбедно засолниште. Се уште не ни се случило нас/Safe Shelter-It Hasn't Happened to Us Yet / 2019 / инсталација/installation

Нада Прља зборува за своето дело Субверзија во црвено, 2019, инсталација / Nada Prlja in public talk about her work Subversion in Red / 2019

Сања Ивековиќ/Sanja Ivekovic / Ген ХХ/Gene XX / 1997/2001 / фотографија, дигитален печат/digital print photography

Антон Видокле/Anton Vidokle / Бесмртност за сите; филмска тѕрилогија за рускиот космизам/Immortality For All: Film Trilogy About the Russian Cosmism / 2014-2017 / видео/video

Артур Жмиевски /Artur Zmiewski / Плен-ер, Швиецие/Plainair Shwiecie / 2009 / видео/video

Габриел Гарсија Андухар зборува за своето дело/Gabriel Garcia Anduhar talking in public at the opening

Џулиета Аранда зборува за своето дело/Julieta Aranda in public talk at the opening

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Ахмет Огут: СКОКНИ

26/05/ 2022 - 21/09/ 2022

Лазо Плавевски: На тенок мраз

Дарко Алексовски: Пејзажи на восхитот

08/04/2022 - 26/05/2022

Аквизиции - донации 2017-2021

02/04/2022 - 15/05/2022