Изложби Тековни Следни Минати
EN

Иднината како проект: Доксијадис во Скопје

21/09/ 2023 - 28/04 2024

Во годината кога Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес што го разурна градот на 26 јули 1963 година, изложбата „Иднината како проект – Доксијадис во Скопје“ има за цел одново да ја стави во центарот на вниманието приказната за обновата на Скопје. Во нејзиниот фокус е улогата и придонесот на грчкиот архитект и планер – Константинос А. Доксијадис.

Доксијадис е еден од многуте меѓународни експерти поканети од страна на Обединетите нации, кои го водат процесот за обнова на Скопје. Покрај силната професионална посветеност на Доксијадис, архивите ја откриваат и неговата длабока емпатија за настраданиот град. Неговата лична работа и работата на неговата компанија, нивните извештаи, деталните истражувања на подрачјата погодени од земјотресот, студиите за домување, дијаграмите, зборовите и размислувањата…, сето тоа значајно и подеднакво придонело во изработката на Основниот план за обнова на Скопје.

Станувајќи стратешка алатка за трансформација на градот во космополитска метропола, Основниот план го отвора патот кон градежниот бум што ќе следи во Скопје кон крајот на 60-тите и 70-тите години, претворајќи го „градот на меѓународната солидарност“ во една од престолнините на доцно-модерната архитектура и планирање. Инспирирани од духот на времето, наративот за новиот почеток и еуфоријата на обновата, меѓународните и домашните архитекти и планери заеднички проектираат нови радикални градски пејзажи. Иако во последната деценија е предмет на превреднување, овој, по многу нешта единствен период од турбулентната историја на Скопје сè уште се бори за соодветно признание, подложен на драматични и деструктивни промени.

Пет години откако за првпат беше претставена во музејот Бенаки во Атина преку обемна изложба, конференција и книга, „Иднината како проект – Доксијадис во Скопје“ пристигнува во Скопје. Концептуално збогатена со уметнички дела од вредната колекција на Музејот на современата уметност во Скопје, подарени од грчки уметници, се надеваме дека не само што ќе помогне да се врати сеќавањето на достигнувањата од процесот на обновата на Скопје, туку и ќе придонесе за заживување на потенцијалот на архитектурата и нејзината општествена одговорност.

Изглед од поставката: Цртеж во перспектива на Музејот на современата уметност Скопје. Проект на полскиот архитектонски тим: Мокшински, Вјежбицки, Клишевски

Изглед од поставката со зголемена фотографија на Кензо Танге и тимот на соработници.

Изглед од поставката: Телекомуникациски центар, 1968/1981, Јанко Константионов, Прв нацрт дизајн, цртеж во перспектива. Позајмено од архивата на Јован Ивановски

Изглед од поставката: Диоханди, Цртеж 1, молив на хартија, 70,5х50,5см х 2. Од збирката на подарени уметнички дела од Грција

Изглед од поставката: Опи Зуни, Проширување на површина - Ентериер, 1978, акрилик на шпер-плоча, 190x183,5см. Од збирката на подарени уметнички дела од Грција

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Континуитети: француски уметници во збирките на МСУ Скопје

07/12/ 2023 - 22/02/ 2024

Пејзаж на вознемиреност: 11 критични жешки точки во Р.С. Македонија

04/10/ 2023 - 09/10/ 2023

БИСТА – Биенале на студентите по архитектура 2023

20/09/ 2023 - 28/09/ 2023

Ѓорѓе Јовановиќ: Горчлив шеќер

19/09/ 2023 – 16/02/ 2024