Изложби Тековни Следни Минати
EN

ВОЈНА НА СЕТИЛАТА / ВОЈНА ВРЗ СЕТИЛАТА

5/12/2024 Четврток, 20 часот

Уметници: Лоренс Абу Хамдан, Бејрут урбан лаб, Центар за просторни технологии, Форензичка архитектура, Кумјана Новакова, Мацуко Јокоџи и Грахам Харвуд од колективот ЈоХа и во соработка со Метју Фулер

Куратори на изложбата се Метју Фулер и Тихомир Топузовски.

Војната е сеприсутна денес. Како да го сфатиме тоа? Војната зазема сè повеќе простор посредувана преку технологиите, кои влијаат врз нашите сетила, како и врз нашите дејствувања. Покрај уништувањата што ги предизвикува војната, таа дејствува преку сферата на сетилноста и врз сетилата. Сензорните технологии влијаат и ги посредуваат начините на кои ние го искусуваме, спознаваме, интерпретираме, класифицираме и опстојуваме во светот, како и на трагите од нашите постапки.

„Војна на сетилата/Војна врз сетилата“ ja воочува естетиката како основна на феноменот на војната. Сетилата се клучно место преку кое се проследува војната, притоа станувајќи и нејзини цели. Имено, гледајќи ги конфликтите како енормна количина податоци кои циркулираат онлајн со значителна брзина, тие ги трансформираат чувствата и искуствата; особено преку она што се подразбира како информатичка војна, кампања на дезинформации, како и автоматизираноста на самото војување денес. Развојот на технологијата ги прераспределува приказите на кризите и воените конфликти претставувајќи место на одвивање на војната, како и дел од секојдневните вести.
Изложбата се фокусира на релациите помеѓу современите дигитални технологии и продукцијата, дистрибуцијата, интерпретацијата и користењето слики како евиденција за војната во насока на истражување на поврзаноста помеѓу естетиката и насилството. Изложбата прикажува шест проекти кои ги истражуваат и анализираат овие состојби. Секое поединечно дело влијае на начините на разбирањето одредени случаи, воедно приложувајќи евиденција тие да претставуваат и повик за праведност.

Биографии на учесниците:

Лоренс Абу Хамдан е независен истражувач во полето на звукот. Неговите истражувања се сосредоточени на звукот и говорот, користејќи ги нив како докази во Трибуналот во Велика Британија за азил и имиграција. Исто така, неговите дела се застапувани од организации како што се Amnesty International и Defence for Children International. Абу Хамдан има докторирано во 2017 година на Универзитетот „Голдсмит“ во Лондон и добитник е на наградата „Тарнер“ во 2019 година заедно со неколку уметници, истата година.

Beirut Urban Lab е интердисциплинарна група со седиште на Американскиот универзитет во Бејрут. Оваа група реализира истражувања кои се однесуваат на урбанизацијата со цел документирање и разбирање на процесите на трансформациите во Бејрут, Либан, поширокиот регион, како и градовите воопшто. Посветени на визуелните пристапи и методологии, Beirut Urban Lab имаат создадено географски бази податоци, интерактивни платформи и повеќекратни мапирања на урбани системи во текот на изминатите години, со крајна цел замислување алтернативни модели на просторно закрепнување и обновување.

Центарот за просторни технологии е интердисциплинарен истражувачки колектив од Киев, специјализиран во правење просторни анализи, визуализирања и моделирања. Нивните практики вклучуваат документирање и анализирање на бројни случаи на насилства во Украина денес.
Колективот „Форензичка архитектура“ е истражувачка група со седиште во Лондон, основана во 2010 година. Преку користење архитектонски модели, уметнички цртежи и анимации, тие воспоставуваат нови форми на истражувања поврзани со човековите права. Нивната работа е користена како доказен материјал во меѓународните судови, и исто така е преставена во најреномираните уметнички институции низ светот.

Кумјана Новакова  е филмска режисерка и кураторка, исто така, таа предава аудиовизуелни методологии.  Новакова е една од основачите и главна кураторка на „Право-људски фестивал“. Преку нејзината работа Кумјана ги истражува темите поврзани со моќта, војната, сеќавањата и отпорот. Новакова живее помеѓу Сараево и Скопје.  

ЈоХа, (Мацуко Јокоџи и Грахам Харвуд)“ е уметнички колектив од Англија. Тие првенствено работаат на начините преку кои технологиите на базите на податоци создаваат различни видови општествени услови. За овој проект, како и за некои други, „ЈоХа“ соработува со Метју Фулер, ко-куратор на оваа изложба. Метју Фулер е професор по Kултурни студии на Голдсмитс, Универзитетот во Лондон. Како теоретичар на културата, неговата истржувачката работа е во сферата на уметноста, науката, политиката и естетиката.

Графички дизајн – Денис Сарагиновски
Изложбен дизајн – Јован Ивановски

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Откривања: Дела од шпанската колекција

14/10/2024 - 03/11/2024

Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски

26/09/2024 - 17/11/2024

СЕРХАТ ЕМРУЛАИ: Се селиме на нова локација

5/09/2024 - 5/11/2024

НАЏА КРАЧУНОВИЌ: Во име на мајка, во презиме на татко

5/09/2024 - 5/11/2024