Настани Уметникот се претставува: Дарко Алексовски
EN

Уметникот се претставува: Дарко Алексовски

13/04/ 2022

По повод самостојната изложба на младиот македонски уметник Дарко Алексовски со наслов „Пејзажи на восхитот“, кој е еден од тројцата наградени автори за „Најуспешен автор и дело“ на минатогодишното 13. Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ – Скопје, авторот ќе одржи предавање за развојот на неговите дела и темите кој ги обработува.

Ова предавање е дел од едукативната програма на Музејот на современата уметност – Скопје, наменето за студенти од факултетите за уметност и историја на уметност, млади уметници, а отворено е и за пошироката публика.

Дарко Алексовски (1989) е визуелен уметник чија практика се формира на пресекот помеѓу слики и текст. Неговите досегашни проекти вклучуваат интерес за различни визуелни јазици и долгорочни истражувачки процеси, како и интерес за релациите, кои се формираат помеѓу личните и колективните сеќавања.

Алексовски завршил додипломски и постдипломски студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Како уметник гостувал на уметничките резиденции Artist-in-Residence Program (Виена, Австрија), Deutsche Börse Residency Program во Франкфуртер Кунстверајн (Франкфурт, Германија), Програма за онлајн резиденции
во КСП Центар-Јадро (Скопје, С. Македонија) и CreArt Artist-in-Residence Program во Ателиерхаус Залцамт (Линц, Австрија).

Од позначајните учества на групни меѓународни изложби се издвојуваат: Traces and Memories, Галерија Кунихан во Бранзвик (Мелбурн, 2021), What would happen if? The choice to build an alternative future, Музеј Санта Јоана (Авеиро, 2020), Paying Attention, Академие Грац (Грац, 2019), The Tokyo Art Book Fair 2017, Магацин Террада (Токио, 2017), Streetlight, Revisited, Галерија Роман Сузан (Чикаго, 2019), и 55. Oktobarski Salon – Disappearing Things, Музеј на град Белград (Белград, 2014). Алексовски моментално живее и работи во Велес, Северна Македонија.

Во продолжение на овааа програма во текот на претстојните месеци ќе следат и предавања на младите уметници Наташа Неделкова и Дритон Селмани, кои се останатите двајца наградени автори за „Најуспешен автор и дело“ на минатогодишното 13. Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ – Скопје.

МИНАТИ НАСТАНИ

Повик за учество на работилницата „Харизматични објекти“

Пријавување до сабота, 30 март 2024

Школа за пропаганда: АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА

Сабота, 2 март 2024, во 12:00 часот

Филм: ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА"

Вторник, 20. февруари 2024, во 19ч.

Ѓорѓе Јовановиќ: Публикација, разговор, перформанс

Петок, 16 февруари, 2024, во 20,00 и 21,00