03/02/ 2018
Стефано Перего е италијански фотограф (http://stepegphotography.com/) чија централна сфера на интерес е модернистичката архитектура од дваесетиот век. Цел на гостувањето на Стефано Перего е презентација на неговата работа, документирање на архитектурата во периодот од земјотресот до денес и фотографирање на бруталистичката архитектура во Скопје.
На интерактивното предавање неговата работа ќе биде презентирана преку документирани материјали, импресии и критики, преку што студентите по архитектура и други сфери сродни на архитектурата, како и другите заинтересирани гости ќе имаат можност да се запознаат со работата и искуствата на овој фотограф.
Предавањето на Стефано Перего е организирано во соработка со МЕЛЕЕМ Скопје https://meleemskopje.com/