Настани Ретроспективна презентација на ^ПАТЕМByTheWay 2013 – 2023
EN

Ретроспективна презентација на ^ПАТЕМByTheWay 2013 – 2023

Среда, 27. декември, 2023 во 20,00 ч.

^ПАТЕМByTheWay – Друштво со ограничена одговорност:

Весна Дунимаглоска, Ѓорѓи Крстески и Станко Павлески

 

WWW.PatemByTheWay.Mk 2013 2023

 

Развојниот проектен интерес на ПАТЕМ се позиционира во проблематика на помирување на противречности во сопротивностите:

Природата – Општество | Животот – Уметност | Просторот – Време | Површината – Длабочина | Уметноста – Парадокс | Себството – Тројство | Друштвото – Заедница

Десетгодишното ретроспективно претставување на ^ПАТЕМByTheWay во Музејот на современата уметност во Скопје е конципирано во два дела. Едниот, едновечерен е  редуцирана просторна поставка сведена на премиерно изложување на монографската книга WWW.PatemByTheWay.Mk 2013 2023, во која, како авторски концепт, единствено е застапен текстот Времепис на ликовната критичарка и теоретичарка д-р Натали Рајчиновска-Павлеска. Методолошкиот пристап на авторката во анализата и толкувањето на ангажманите и продукцијата на Друштвото, та и обемноста на овој труд, уметниците го согледаа како исклучителен ангажман и содржина што прераснува во рамноправен супститут на нивната уметност, означувајќи го текстот како дело. Со тоа и книгата, следствено на таквиот концепт –  испразнета од било каков сликовен податок, станува книга дело. Едновремено, нејзината промоција што ќе се одржи на отворањето на настанот, конципирана е и самата како авторско дело. Книгата ќе ја промовира ликовниот уметник и филозоф д-р Тихомир Топузовски.

Зборот и говорот за нивното контекстуализирање во мета говор за уметноста како мета повод е прилика за продолжен говор во дружење, што во духот на ПАТЕМ, се надеваме ќе го до(над)гради настанот.

Во другиот дел од ретроспективата, последователно во следните шест дена на веб страницата на друштвото www.patembytheway.mk, во надоградба, што ја промовираме со објавата, ќе бидат презентирани колективните и индивидуални дела на носителите на проектот и колегите од ПАТЕМ заедницата, како и публикации и други материјали на Друштвто.

 

Програма:

19 – 27 декември – Промоција на веб страницата www.patembytheway.mk во надополнување, последователно активна од актуелните наредни денови: 

28 декември – Настани и изложби, публикации и сл.

29 декември – Колективни дела 1

30 декември – Колективни дела 2

31 декември – Колективни дела 3

1 јануари – Индивидуални дела на авторите на ПАТЕМ Друштвото

2 јануари – Индивидуални дела на авторите од ПАТЕМ заедницата

 

Авторите на проектот, фокусот на својот уметнички интерес, првенствено го лоцираат во партиципативен ангажман со променлива група на автори од различни уметнички области, афинитет и изразност, создавајќи ја уметничката заедница ПАТЕМ

Просторот за изразување на својата манифестна проектност го наоѓаат во заедничкото, најчесто камперско живеење во и со природата, дружењето со колегите, разговорите и споделувањето искуства, во зона на адаптирање на предизвиците и ризиците да се „преживее“ и да се создава во специфичностите на таквата вдоменост, наспроти вообичаените удобности на урбаноста, како проектност по себе. Позиционираат и кон своевидни аспекти на незадоволство и отклон, до револт, проблематизирајќи со состојбите на социо-политичкото општествување, уметничкиот систем и нему слично, контекстуализирајќи ги пукнатините до своја предлог релација природата – општество.

 

ПАТЕМ е трансформативен концепт на жива уметност што се гради и разградува, што, од потрагата по идеално место за настаните и животот како уметност во заедница и истражувачки контакт со природата и природата на создавањето, со време е преточена во обемна видео продукција на ПАТЕМ животот; а зафаќа и во креативните аспекти на перформативно исчитување на својата уметност пренесена во текст и книга, во интеракција со публиката, во уметничкото што комотно опстојува во случувањето како замена на сликовноста, во визуелното трансформирано во вокалот  и звукот на говорењето како отсликување. ПАТЕМ е ретро-создавачко навраќање на местата на мемориското од нивното изминато уметничко бидување, одново патувачки низ истото што е секогаш различно, како и низ надсодржините во својата ПАТЕМ архива; тоа е и создавачка пасивност што се преобразува во вкрстувањето на две контемплативни креативни состојби: одморање по вертикала и искачување по хоризонтала; причински и концептно репозиционирање кон виртуелизизација на сопственото дејствување, свесно пречекорувајќи во своевидна антитеза на својот носечки уметнички концепт, во име на креативниот потенцијал на пресвртот, акомодирајќи се пред соѕвездието на мониторот во замена за ѕвездите на дофат. ПАТЕМ е и повеќемесечна онлајн комуникација помеѓу авторите, заробуваќи дела во транскрипти и аудио записи …, и ним слични концепти и практики.

 

Пресвртноста, се чини, делува неконсеквентно на претходната ПАТЕМ проектност, но само навидум, бидејќи  потребата да се исчекори во причинско-последичната спротивност е само поинаква, специфична слика на една иста реалност.

 

Продукцијата опфаќа колективни, тандемски и индивидуални дела, видео, фото и аудио записи, уметнички акции, дела in situ, перформанси, просторни интервенции, објекти, концептуални решенија од разновиден карактер и презентативност, текстуалност, апостериорни дела или дела од фиктивен карактер врз документација од настаните, како и претходни дела со совпаѓачка природа на проектноста на настаните, до реконструкции, реминисценции и слично.

ПАТЕМ е константа со нагласен интензитет на ангажман во земјата и опкружувањето, но и пошироко, видливо од видео архивата, трите книшковни изданија, вклучително и актуелното, неколкуте каталога, двата обемни транскрипти од настани, изложбите, како и низ преносните значења на формираната ПАТЕМ библиотека, создавана низ контакти со колеги блиски по уметничките убедувања, создавајќи една денес респектабилна ПАТЕМ заедница.

МИНАТИ НАСТАНИ

МАТИНЕ

13/04/2024

Повик за учество на работилницата „Харизматични објекти“

Пријавување до сабота, 30 март 2024

Подготовка на изложбата „Ниедно чувство не е конечно“ во Прага

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА ЗА ВЕБ-ПОРТФОЛИО

Пријавување до Недела, 11 Март 2024