Настани Предавање на Лиа и Дан Пержовски
EN

Предавање на Лиа и Дан Пержовски

05/04/ 2023

Музејот на современата уметност – Скопје во рамките на Интердисциплинарната програма продложува со серија предавања. Во среда, 5 април 2023г., со почеток од 19 часот предавање ќе одржат Лиа и Дан Пержовски насловено ,,Постојано репозиционирање, меѓу локалното и глобалното.’’

 

 

Дан Пержовски е уметник кој го користи цртежот во најразлични форми и медиуми, како цртежи на ѕид, цртачки перформанси, активистички цртеж, уметнички книги, проекти изведени во јавен простор, печатење и независно издаваштво. Пержовски има реализирано повеќе самостојни изложби меѓу кои и во МоМА во Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, ВанАбе Музејот во Ајндховен, МАКРО во Рим, Киазма Хелсинки и Лудвиг Музејот во Келн. Учествува на бројни престижни групни изложби и манифестации, како Документа 15, Биеналето во Венеција, Биеналата во Истанбул, Лион, Џакарта, Сао Пауло и Сиднеј. Од 2010 година, Пержовски го продуцира цртачкиот проект  во јавен простор насловен „Хоризонтален весник“, во Сибиу Романија.

Лиа Пержовски е истражувач, уредник и концептуален уметник. Таа е основач на неколку платформи и институции како Архивата за современа уметност (CCA) во Букурешт или Музејот на знаењето (КМ) , како и Телескопскиот простор на знаењето.  Лиа Пержовски реализирала самостојни изложби во Нашер музејот во Далас, Галеријата Иван во Букурешт,  Музејот ESPAI Castellon во Шпанија, како и на редица групни изложби, меѓу кои во Центарот Помпиду-Бобур во Парис, Тејт Модерн Лондон, МАКБА Барселона и Биеналата во Сао Пауло и Сиднеј.

МИНАТИ НАСТАНИ

Повик за учество на работилницата „Харизматични објекти“

Пријавување до сабота, 30 март 2024

Школа за пропаганда: АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА

Сабота, 2 март 2024, во 12:00 часот

Филм: ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА"

Вторник, 20. февруари 2024, во 19ч.

Ѓорѓе Јовановиќ: Публикација, разговор, перформанс

Петок, 16 февруари, 2024, во 20,00 и 21,00