Настани ПРЕДАВАЊЕ НА МЕТЈУ ФУЛЕР
EN

ПРЕДАВАЊЕ НА МЕТЈУ ФУЛЕР

21/09/ 2022

„Општеството како филтер?“

Современите согледби на компјутерските програми, социјални мрежи и медиуми, често ја нагласуваат нивната улога во форматирањето на општеството, културата и перцепцијата во смисла на селективноста и ограничувањата. Овие состојби го покренуваат прашањето за општество  сочинето од бројни филтрирања. Ова се важни аспекти кои треба да се следат, кои исто така укажуваат на една поширока состојба на филтрирање на реалноста, вклучувајќи ги различните филтрирања како на Инстаграм, и другите социјални мрежи, на граничните контроли, постапките при одредување на родот, како и моделите на когнитивната наука.  Предавањето ќе ги проследи овие процеси, кои во основа припаѓаат на Естетиката како дисциплина.

 

Метју Фулер е професор по Kултурни студии на Голдсмитс, Универзитетот во Лондон. Како теоретичар на културата, неговата истржувачката работа е во сферата на уметноста, науката, политиката и естетиката. Метју Фулер е автор на бројни публикации вклучувајќи ги следниве наслови ,,Како да се спие: Уметноста, Биологијата и Културата на несвесното’’ (Bloomsbury 2018), ,,Како да се биде Гик: Есеи за културата на софтверот’’ ( Polity 2017), ,,Естетика на Eкологијата и Невозможноста’’ ( Minnesota 2019) како и во коавторство со Ејал Вајзман, книгата Истражувачка естетика: Судири и Заедничкото во Политиката на Вистината (Версо 2021).

 

Предавањето е дел од Интердисциплинарната програма насловена „Без/редие во светот на уметноста“. Автор на овој проект е Тихомир Топузовски

МИНАТИ НАСТАНИ

МАТИНЕ

13/04/2024

Повик за учество на работилницата „Харизматични објекти“

Пријавување до сабота, 30 март 2024

Подготовка на изложбата „Ниедно чувство не е конечно“ во Прага

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА ЗА ВЕБ-ПОРТФОЛИО

Пријавување до Недела, 11 Март 2024