11/06/ 2018 - 24/08/ 2018
Ветерот силно дувна и донесе едно шарено летало. Тоа беше многу љубопитно. Реши да летне високо на небото и да види: густа шума, разни растенија, инсекти, животни, океани, риби, камчиња, стапчиња, играчки… Шареното летало здогледа деца кои творат во една малечка куќичка и прекрасен музеј… Леталото одлучи да одмори и да погледа што има во него…
Во периодот од 11 јуни до 24 август 2018, Македонското Монтесори Здружение во соработка со Музејот на современата уметност, а со поддршка од Министерството за култура на РМ, по петти пат го реализираше проектот „Градина на бои – допри ја уметноста“.
Проектот овозможи децата да се запознаат со познати странски и македонски уметници како Џ. Полок, А.Матис, Е.Ворхол, В.Жерновски, И.Пејовиќ… со што кај нив се поттикнува развивање на чувството за ликовните уметности.
Во рамките на проектот беа реализирани креативни – едукативно работилници што се организираа во Монтесори центарот и Музејот на современата уметност, посетени од деца на возраст од 3 до 10 години. Во овие работилници беа вклучени и деца од Заводот за рехабилитација на деца и младинци.
Убавата атмосфера во Музејот на современата уметност и делата на големите уметници ги инспирираа децата да создадат свои уникатни дела, експериментирајќи со разни ликовни техники.
МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм
Четврток, 18/07/2024, 21:00
МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол
Четврток, 27/06/2024, 21:00
Јасмина Цибиц: презентација
Петок, 28/06/2024, 20:00
МСУ Летно Кино - Меѓу присуство и отсуство
Четвртoк, 13/06/2024, 21:00