11/04/ 2022
Предавањето „За синтетичкото небо“ ги проучува кондезирачките линии на небото направени од авионите, кои предизвикуваат еколошка контроверзност и внимание на јавноста. И покрај тоа што овие појави се објаснети како најголеми човечки артефакти со значително влијание врз животната средина и атмосферата на Земјата, тие не се стекнале со негативна конотација како што се другите еколошки девастирачки процеси, климатските промени, излевањето на нафтата, растот на температурите и пожарите, како и токсичниот отпад. Предавањето ќе ги проследи овие артефициални траги на небото како естестки и еколошки показатели кои ни овозможуваат сознанија за влијанијата врз атмосферата и животната средина. Во оваа насока ќе се проследат бројни уметнички дела кои ги интерпретираат овие појави, тргнувајќи од нивното прозаично постоење, како предмет на уметничко и естетско вреднување, се до естетизацијата на насилството врз животната средина како процес во културата.
Владимир Јанковиќ е професор по Хуманистички науки на Универзитетот во Манчестер, Велика Британија. Тој е ко-основач на Центарот за кризни студии на Универзитетот. Застапен е со бројни публикации кои се однесуваат на историјата на атмосферските науки, урбаната климатологија и атмосферската естетика како што се следниве изданијата ‘Читајќи го Небото’ (2001) ‘Соочување со Климата’ (2010), исто така и ко-едитираните изданија ‘Интимни Универзалности’ (2009), Клима (2011) и Градски времиња (2012). Неговите истражувања се финансирани од реномирани институции и фондации како ‘UK Economic and Social Research Council’, ‘Arts and Humanities Research Council’ ‘Wellcome Trust, US National Science Foundation’ and ‘US Social Science Research Council’. Владимир Јанковиќ е автор на телевизиската серија ‘Бури на Војната’ емитувана на Дискавери програмата.
Ансел Адамс, Шини и млазни траги, 1953 (Музеј на ликовните уметности, Бостон)