Настани Бојана Пишкур: НЕКОИ РАЗМИСЛИ ЗА ДЕКОЛОНИЗИРАЊЕ НА УМЕТНИЧКИТЕ ИНСТИТУЦИИ
EN

Бојана Пишкур: НЕКОИ РАЗМИСЛИ ЗА ДЕКОЛОНИЗИРАЊЕ НА УМЕТНИЧКИТЕ ИНСТИТУЦИИ

Среда, 20. декември 2023, во 19,30 ч.

 

Многу институции, вклучувајќи ги и уметничките институции, се менуваат и бараат нови начини за нивното истражување, собирање, изложување, ширење на знаење и слично. Во последниве години многу се пишуваше за новите прототипови на институции и новите видови на институционалност. За нови, поотворени и подемократски модели на музеи се дискутираше долго, на пример: „музејот на заедничкото“ (commons), „одржливиот музеј“, „деколонизираниот музеј“, „конститутивниот музеј“, „ситуираниот музеј“. Но, дали е навистина возможно да се надмине дихотомијата помеѓу внатрешноста и надворешноста на една институција? Како треба да размислуваме за отворите што ги даваат овие, честопати конфликтни односи? Како треба да се справиме со новите форми на политичко искуство, особено сега во контекст на актуелната ситуација во Палестина, кога мнозинството уметнички институции во Европа молчат? Во презентацијата ќе се постават дел од овие прашања и дилеми и ќе се поврзат со музеолошките процеси што се случуваат во Модерна галерија, Љубљана, со акцент на истражувањата, збирките и неодамнешните изложби.

 

Бојана Пишкур работи како кураторка во Модерна галерија, Љубљана. Поголемиот дел од нејзината работа е поврзана со југословенскиот и постјугословенскиот контекст и со Движењето на неврзаните, особено во врска со уметностите и културите. Таа е многу заинтересирана и за прашањата како да се преведат и практикуваат историските еманципаторски идеи во денешните ситуации.

Неодамнешни изложби:
https://www.mg-lj.si/…/southern-constellations-series/
https://www.mg-lj.si/…/realize-resist-react…/
https://www.mg-lj.si/…/what-do-crocodiles-dream-about/
http://www.mg-lj.si/…/exhibition-exercises-in-a…/

 

Сличните размислувања на Пишкур се дел и од најновиот број на списанието за современа уметност, култура и теорија „Големото стакло“ бр.35/36 од 2023 година, издание на Музејот на современа уметност – Скопје.

 

Предавањето на Бојана Пишкур е во рамките на Интердисциплинарната програма на Музејот на современата уметност Скопје.

МИНАТИ НАСТАНИ

МАТИНЕ

13/04/2024

Повик за учество на работилницата „Харизматични објекти“

Пријавување до сабота, 30 март 2024

Подготовка на изложбата „Ниедно чувство не е конечно“ во Прага

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА ЗА ВЕБ-ПОРТФОЛИО

Пријавување до Недела, 11 Март 2024