Едукативна програма Училиште МСУ Предавања Работилници МСУ Водич
EN

ЕДУКАТИВНИ ПРОГРАМИ

Посветени на фундаменталната педагошка улога во општеството, активностите на МСУ се изразени преку програмското организирање на различни работилници, предавања, курсеви или тури со кои ги помага сознавањето, критичкото размислување и разбирање на уметноста и нејзините односи со општетствените процеси. Одделот за едукација практикува програми што ги реализира низ долгогодишната успешна соработка со институции и организации во сите сфери на едукативните процеси, почнувајќи од претшколската возраст до сите останати целни групи заинтересирани за уметноста.

РАБОТИЛНИЦИ

Едукативните работилници им овозможуваат на учесниците да ги збогатат своите познавања за уметноста, како и да започнат со развивање на сопствените креативни и/или критички способности. Инспирирани од опкружувањето со значајни уметнички дела или од тековните изложби, целта на работилниците е да го поттикне осознавањето на сопствените погледи и разбирање на уметничкиот чин. Темите на работилниците се разновидни и можат да бидат поврзани со музејската колекција на уметнички дела или со пошироки прашања кои се однесуваат на уметноста и нејзините форми на манифестирање.

ПРЕДАВАЊА

Одделите за едукација и за Интердисциплинарната програма на МСУ организираат најразлични дискурзивни програми кои се однесуваат на историјата на модерната и практиките на современата уметност, или на поширокиот спектар на теориски и критички релации на уметноста и културата со поедини манифестации во денешните општества.

МСУ ВОДИЧ

Одделот за едукација организира и водење низ музејските поставки и тековни изложби, во кои може да учествуваат кустоси од одделот, кустоси кои се автори на поедини изложби или од самите уметници.