| Чиле |
Роден во Сантијаго де Чиле | 1911 – 2002
Мата е сликар на фантастични предели. Живее и работи надвор од Чиле и најчесто се поврзува со надреалистичкото движење од периодот пред и веднаш по II Светска Војна. Завршува архитектонски студии во Сантијаго (1931) и се сели во Париз во 1933, кадешто се вработува во архитектонското студио на познатиот урбанист, архитект и уметник Ле Корбизје. Додоека работи во ова студио, се повеќе се интересира за уметноста, за конечно целосно да му се посвети на сликарството.
Претставуваме делo на Роберто Е. Мата вклученo во колекцијата на МСУ:
Без наслов, литографија, 55,5 х 75,5см