| Велика Британија |
Роден 1939 во Бирмингем.
Како еден од оригиналните уметници на британскиот попарт, Филипс го започнува својот уметнички пат на Кралскиот уметнички колеџ заедно со неговата генерација колеги, како Дејвид Хокни, Р.Б. Китај, Ален Џонс и др. Во средината на 1964 се сели во Њујорк, кадешто излага покрај неговите американски колеги од попарт движењето, Енди Ворхол, Рој Лихтенстин и Џејмс Розенквист. Во 1966 тој се враќа во Европа, кадешто и денес продолжува да слика и изложува.
Претставуваме делo на Питер од серијата дела од Филипс вклучени во колекцијата на МСУ:
Автомобилски делови, 1972, офсет на хартија, 48/175, 74x106cm