EN

Никола Мартиноски

1903,  Крушево  – 1973, Скопје

 

Во кафеана, 1932

Масло на платно, 89 х 67 см

Аквизиција: Откуп

Инвентарен бр.: 03246

 

Биографија

Никола Мартиноски (Крушево, 18 август 1903 – Скопје, 7 февруари 1973) — македонски истакнат уметник и академик и една од најважните личности за развојот на македонската култура во XX век. Роден е во Крушево во 1903 година, дипломирал на Школата за убави уметности во Букурешт, Романија во 1927 како најдобар студент за таа година. Во 1927 и 1928 година престојувал во Париз каде ги посетува Академи де ла Гранд Шомјер (Académie de la Grande Chaumière) и Академи Рансон (Académie Ranson).

По враќањето во Македонија, освен воведувањето на европските модерни сликарски тежнеења карактеристични за Париската школа на овие простори, тој се истакнувал и со својата општествена активност. Мартиноски е иницијатор и раководи со формирањето на Средното ликовно училиште во Скопје, Друштвото на ликовни уметници, Уметничката галерија во Скопје или денес позната како Национална галерија на Македонија, учествува во формирањето на Македонската академија на науките и уметностите, установи кои и денес се основни носечки елементи на македонскиот културен живот. Неговите уметнички дела се наоѓаат во збирките на повеќе музеи и галерии, како и во голем број приватни збирки во земјата и во странство.

Краткиот увод во биографијата е од англиската Википедија според Attribution-ShareAlike Creative Commons License

Во целина биографијата е достапна на https://mk.wikipedia.org/wiki/Никола_Мартиноски

 

Претходни изданија