1926, Лас Палмас, Шпанија – 1972, Мадрид, Шпанија
Ранет во мир, 1964/1965
Комбинирана техника на лесонит, 101 x 82 х 12 см
Аквизиција: Подарок
Инвентарен бр.: 01664
Биографија
Миљарес е самоук уметник, кој во 1948 се запознава со надреализмот. Во 1953 г. се сели во Парис каде започнува да слика апстрактни платна. Во 1957, Миљарес учествува во формирањето на авангардната група „Ел Пасо“ во Мадрид. Покрај Миљарес, во формирањето на „Ел Пасо“ и во потпишувањето на манифестот, како и во нивните први изложби членуваат сликарите Рафаел Каногар (Rafael Canogar), Луис Фето (Luis Feito), Хуана Франсес (Juana Francés), Мануел Ривера (Manuel Rivera), Антонио Суарез (Antonio Suárez), Антонио Саура (Antonio Saura) и скулпторот Пабло Серано (Pablo Serrano). По изложувањето на неговите дела во Сан Пабло во 1957 г., делата на Миљарес се претставуваат во САД во 1958г. Тој се здобива со меѓународна репутација во раните 1960-ти години, кога во 1961 година самостојно излага во галеријата Пјер Матис во Њујорк.
Воведот во биографијата е превземен од англиската Википедија според Attribution-ShareAlike Creative Commons License.
Во целина, биографијата е достапна на wikipedia.org/wiki/Manolo_Millares