EN

Кенет Каутс-Смит

| Велика Британија|

Роден во Копенхаген | 1929 – 1981

Кенет Каутс-Смит е британски уметник, критичар и историчар на уметноста и културата. Покрај сликарството, Каутс-Смит има издадено книги со поезија, кратки раскази и романот Фуглфирт, како и долгогодишна кариера во уметничката журналистика. Тој е исто така активен како галериски администратор на неколку галерии и уметнички центри во Лондон и е организационен секретар на Биеналето на апстрактна уметност на Комонвелтот. Почнувајќи од 1963, тој интензивно се бави и со предавања за уметноста на повеќе колеџи и универзитети во Англија и Канада. Неговите критички студии на уметноста и општеството се реализираат во две книги, Сонот на Икар и Дада, објавени во 1970, и третата, Падот на авангардата, издадена постхумно, во која се собрани есеи објавувани меѓу 1970 и 1980 година. Еден од неговите позначајни критички студии е Социјалистичката Источна Европа во кој ја обработува културата на европоцентризмот и на доминацијата на западната култура во растечката глобализција, објавен за прв пат 1978 и повторно издаден во 2002 во едицијата Трет текст. Во 1970 тој емигрира во Канада, кадешто е професор на универзитетите во Калгари, Манитоба и Торонто, продолжувајќи ја истовремено и својата активност како куратор, но се јавува и како продуцент на повеќе филмски и видео дела.
Како добар познавач и колекционер на источноевропската уметност и посебно на југословенската уметност, Кенет Каутс-Смит има значајна улога во периодот на формирањето на Музејот на современата уметност и на неговата колекција.

Претставуваме делo на Кенет Каутс-Смит вклученo во колекцијата на МСУ:
Спектар, 1963, масло на платно, 180 x 210cm

Претходни изданија