EN

Еуџенио Карми

1920, Џенова, Италија – 2016, Лугано, Швајцарија

 

Два имагинарни знаци, 1976

Сито-печат на хартија, 65 x 50 см

Едиција: а.о.; сигнатура д.л. а.о.; д.д. Carmi 76

Аквизиција: Подарок

Инвентарен бр.: 03254

 

Биографија

Еуџенио Карми е италијански сликар, скулптор и графичар. Се смета дека тој е еден од главните експоненти на апстракционизмот во Италија. Роден во Џенова, Италија, во 1938 година, Карми се преселил во Швајцарија поради расните закони наметнати од италијанскиот националист и основач на италијанскиот фашизам, Бенито Мусолини. 

Дипломирал хемија на Универзитетот ЕТХ во Цирих. Во Италија се враѓа по војната, кадешто студира сликарство со Феличе Касорати и скулптура со Гвидо Галети. Во раните 1950-ти години го напушта енформелното сликарство и ја прифаѓа геометриската строгост во неговото дело. Често употребува фабрички материјали, како челик и железо. Помеѓу 1958 и 1965 г. Карми соработувал со фабриката за челик Италсидер како одговорен за нивниот дизај. Во 1963 со Флавио Константини и Емануел Луцати ја основаат заедницата на уметници Галерија дел Депозито. Како близок пријател на Умберто Еко, Карми соработувал со него на неколку проекти. Карми предавал и на неколку академии.

Превземено од англиската Википедија во согласност со Attribution-ShareAlike Creative Commons License

Во целина, биографијата е достапна на wikipedia.org/wiki/Eugenio_Carmi

Претходни изданија