EN

Камиј Бријан

| Франција |

Роден е 1907 во Нант, умрел 1977 во Париз. Француски сликар, цртач и поет. Во 1926 се сели во Париз, кадешто се приклучува кон надреалистичкото движење. Во триесеттите години се служи со надреалистичката автоматска постапка во создавањето на серии цртежи, по кои следат претстави настанати со помош на objets trouvés: на пример во Уличен објект (1936, Бобур), тој поставува лист хартија на улица, врз кој проаѓа со автомобил за да го исцрта со траги од гумите. Во тој период создава исто така и редица асеблажи во надреалистички дух. По Втората Светска војна се повеќе се ориентира кон сликарството, со кое станува еден од водечките претставници на уметноста на енформелот. Сликите му се во мали форматот и работени со дебели слоеви на боја, понекогаш нанесени директно од туба. Темниот колоритот во тие збиени дела ја рефлектира повоената пустош. Кон средината на педесеттите и на почетокот од шеесеттите години, од кога датира и делото во колекцијата на МСУ, палетата во неговите слики станува посветла со јасно одвојување на распоредот на боените површини и дамки од позадината. Во неговото подоцнежно дело, играта на бојата и светлината го покажуваат свртувањето на Бријан кон влијанијата на импресионизмот.

Претставуваме делo на Камиј Бријан вклученo во колекцијата на МСУ:
Слика 10, 1961, масло на платно, 62 x 50cm

Претходни изданија