EN

Бриџит Рајли

| Велика Британија |

Родена 1931 во Лондон. Дипломирала на Кралскиот уметнички колеџ (Royal College of Art) во 1955. Проучувањето на пост-импресионизмот и поинтилистите во почетокот на 1960-те ја водат во експерименти со спротиставени боени полиња, а под влијание на Виктор Вазарели се ориентира кон геометриската апстракција во којашто испреплетени црно-бели или боени шари се насочени кон создавање интензивни илузии на движење, боја или топографија. Бриџет Рајли е добитник на првата награда на Биеналето во Венеција во 1968 година.

Ги претставуваме делата на Бриџит Рајли вклучени во колекцијата на МСУ:
Рана светлина, 1987, сито-печат на хартија, 19/75, 72,5х74см | Без наслов, 1973 сито печат во боја, а.о. 71×91,5см

Претходни изданија