EN

Боро Митрикески

1927, Прилеп – 2018, Скопје

 

Легнат женски акт, 1967

Дрво, 24 х 40 х 120 см

Аквизиција: Откуп

Инвентарен бр.: 04346

*Недостапни на интернет се серијата цртежи и студии на акт од 1954 г. со инв. бр. од 02333 до 02342  

 

Биографија

Боро Митриќески (Прилеп, 10. мај 1927 – Скопје, 24. ноември 2018) — македонски вајар и член на МАНУ. Акад. Боро Митриќески има организирано голем број на самостојни изложби, главно во Македонија и во бившите југословенски републики, а на групните изложби ја презентирал македонската скулптура во повеќе ликовни центри кај нас и во светот, и тоа во Александрија, Белград, Виена и др. Член е на групата Мугри. Во изминатите 60 години акад. Боро Митриќески има реализирано над 350 дела како фигури, актови, композиции, торза, потоа портрети и скулптури ситна пластика (дрво, мермер и бронза). Особено треба да се нагласат изведените 10 споменика и спомен обележја, од кои ќе ги споменеме: „Железара“, скулптура од метал, Скопје; Споменик „Карпош“, мермер, Кратово; Споменик на НОБ, Делчево; Фонтана „Дојран“, Дојран; Споменик „Кирил и Методиј“, бронза, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје и др. Акад. Митриќески активно се занимава и со таканаречената интимна пластика или скулптура од галериски формат. При своето ликовно искажување користи трајни материјали, како што се бронза, мермер и дрво.

Краткиот увод во биографијата е од Википедија на македонски јазик, според Attribution-ShareAlike Creative Commons License

Во целина биографијата е достапна на https://mk.wikipedia.org/wiki/Боро-Митриќески

Претходни изданија